Во март 2017 година Индија усвои закон со кој на сите луѓе кои живеат со ХИВ им се гарантира навремен и соодветен третман, право на образование и право на вработување. Ова значи дека во Индија повеќе нема да се толерира дискриминацијата на луѓето кои живеат со ХИВ во здравството, во образованието, на работното место, во јавните установи и при осигурување. Со овој Закон антиретровирусната терапија е законско право за сите пациенти со ХИВ/СИДА и владите на федералните единици се обврзуваат да обезбедат антиретровирусна терапија за соодветно и навремено лекување. Се очекува дека новововедените мерки ќа ја подобрат заштитата од ХИВ и ќе го унапредат општото здравје на целокупното население.
(Извор: The Times of India)