Во рамките на проектот “Јакнење на младите луѓе во ризик од социјално исклучување” од 5 до 7 јули се одржа регионална обука на #ARYSE мрежата за застапување за унапредување на деца и млади луѓе изложени на ризик.
Проектот “Зајакнување на млади луѓе во ризик од социјално исклучување” се спроведува во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија) и има за цел да придонесе за остварување на социјалната инклузија на поголемиот дел од младите луѓе во ризик на регионално ниво , преку зајакнување на капацитетите на организациите на граѓанското општество, регионална / национална соработка и активности кои се однесуваат на застапување.
Оваа обука беше наменета за претставници на организации кои го спроведуваат проектот и претставници на националните работни групи формирани во рамките на проектот. Идејата на обуката беше дека членовите на работната група и претставниците на организациите да формираат регионално тело за застапување, кое ќе продолжи да функционира и по завршувањето на проектот.
Учесниците во текот на обуката работеа на развивање на заедничка платформа врз која ќе се основа нивната идна работа поврзана со млади луѓе во ризик. Во текот на обуката, учесниците работеа на развивање на план за застапување за сите целни групи опфатени со проектот: деца и млади без родители и родителска грижа, децата и младите од улиците, деца роми и млади луѓе кои користат психоактивни супстанции, или се во судир со законот, како и деца и млади луѓе кои живеат во семејства кои имаат проблем со законот или со историја на употреба на супстанции.
Регионалното тело ќе има за цел да продолжи да ги промовира резултатите на #ARYSE проектот и да се залага за соодветни примерни насоки создадени преку овој проект. Покрај тоа, регионалното тело постојано ќе работи на размена на информации и добри пракси и на подобрување на политиките поврзани со млади луѓе во ризик и достапноста на услугите дизајнирани за нив.
Проектот е имплементиран од НВО Јувентас (Црна Гора), Здружението “Prevent” (Србија), Здружението Маргина (БиХ), ARSIS (Албанија), ХОПС (Македонија), Лавиринт (Косово) и Фондацијата СХЛ (Германија).
Мрежата на споменатите органиации кои спроведува активности се со цел да придонесе за активно учество во општествените и друштвени процеси на младите луѓе од земјите од Западен Балкан, кои се изложени на најголем ризик од социјално исклучување.