Од 13 до 15 септември на терените на тренинг центарот на бугарската фудбалска репрезентација во Софија , по шести пат се одржа турнирот за фудбал под името 6:0 за луѓето. Mотото на турнирот беше “Сите луѓе не се зависници, но сите зависници се луѓе”. Ова е турнир на здруженија на граѓани кои работат на проблемот со зависности и на кој поголемиот дел од фудбалерите се луѓе кои се или биле зависни од дроги . Се одржува во организација на здружението Реванш од Софија и оваа година ХОПС зеде учество по прв пат. Освен ХОПС како единствен претставник од Македонија, на турнирот учествуваа и тимови од Бугарија, Грција, Украина, Русија и Словачка.
Турнирот беше отворен од страна на министерот за млади и спорт, заменик министерката за здравство и високи претставници на Бугарскиот фудбалски сојуз. Во нивно присуство Влатко Деков ја презентираше работата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Победник на турнирот беше екипата Отвори очи од Варна, Бугарија а нашиот тим на ХОПС не успеа да се квалификува во полуфиналето. Повеќе среќа си посакуваме следната година.