Civica Mobilitas по втор пат го организира фестивалот „Ден на граѓанските организации“ кој ќе се одржи на 14 септември 2019 година од 10.00 до 15.00 часот на платото кај старата скопска чаршија / плоштад Скендербег и паркот Ибни Пајко во Скопје.
Оваа година и ХОПС ќе настапи како дел од овие програми каде ќе пробаме да ви ја доловиме нашата работа на програми за поддршка на сексуалните работници и корисници на дрога.
Истовремено ќе можете да купите изработки од нашите корисници на програмите, како и дрвца, каде со нивно купување и садење ќе им помогнете на најкршливите.
Ова е одлична прилика за нас и останатите граѓански организации каде на лежерен и интерактивен начин можеме да ви го претставиме нашиот придонес во општеството.