На 24 септември 2022 г. (сабота) се организира петтиот Фестивал на Цивика мобилитас. Дојдете и поминете го денот со околу 100 граѓански организации во паркот пред Дом на АРМ, зад музејот „Мајка Тереза“ меѓу кои и ХОПС.
Ние ќе се претставиме со два штанда, каде можете да се информирате повеќе за ХОПС и штанд каде можете да дознете повеќе за нашето социјално претпријатие.
Исто така ќе имаме:
Панел дискусија – 13:30 – 14:15
📍”Важноста на програмата за заштита од ХИВ инфекција и нејзината одржливост”.
Говорници ќе бидат Андреј Сених, Извршен директор, Заедно посилни, Хајди Штерјова Симоновиќ, Извршна директорка на ХОПС. Влатко Деков, модератор.
Работилница – 14:30 – 15:30
📍”Намалување на штети од употреба на дроги и сексуалната работа и маргинализираните заедници во РСМ”.
Годинава, Фестивалот , Цивика го организираат во соработка со Центарот за социјални претпријатија. Заедно, апелираме за „Враќање на граѓанскиот простор“.
Дојдете во сабота на „Ден на граѓанските организации и социјалните претпријатија“. Слушнете и видете што направиле граѓанските организации, за што се залагаат, што промениле до сега, а за што им е потребна ваша помош. Можеби ќе ве инспирираат и ќе ве мотивираат да бидете дел од граѓанскиот активизам. Можеби ќе сретнете луѓе со слични каузи како вашите, можеби така некои од проблемите ќе стигнат до решенија.
Не се потребни влезници, само добра намера и отворен ум.