Креативците на ХОПС и оваа година ќе бидат дел од програмата на Д Фестивал 2018. Три дена резервирани за фестивалската слобода, илјадници пријатели, +100 изведувачи и гости, 4 бини, камп и еден куп случувања во најпозитивната атмосфера на единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија!
Отворете ги мислите, посетете нè и бидете дел од едно поинакво креативно искуство. Ќе создаваме, ќе креираме и Отворете ги мислите, посетете нè и бидете дел од едно поинакво креативно искуство. Ќе создаваме, ќе креираме и преку тоа ќе се едуцираме.
➡ Локација: Плоштарт
Петок (6 јули): 11-16
➡ Инсталација на интерактивниот ѕид „Гласни соништа“. Целта на овој ѕид е преку инсталација со елементи кои произведуваат звук (дрвени, метални, стаклени користени предмети и материјали), учесниците со сопствен импакт да добијат реакција за возврат, односно (ДА БИДАТ ЧУЕНИ). На ѕидот “Гласни соништа“ учесниците во текот на фестивалот, ќе можат да закачат свое дело од рециклирани материјали кое ќе биде одраз на нивните гласни соништа.
Сабота (7 јули): 14-15.30
➡ Едукација на тема „Употреба на психоактивни супстанции на музички настани; и рециклирање – рециклирање на храна, како начин за реупотреба на ресурси и енергија“ .
➡ Едукативна работилница за изработка на дела од рециклирани материјали на тема „Сон“.
➡ Интерактивна дружба со учесниците на фестивалот со цел производство на звуци на интерактивниот ѕид, дискусија за симболиката на оваа интеракција
➡ Изложување на делата на интерактивниот ѕид „Гласни соништа“.
➡ Делење на едукативни флаери на Хопс и кондоми. 15.30-17h
Недела (8 јули): 14-16
➡ Интерактивна дружба со учесниците на фестивалот: производство на звуци од интерактивниот ѕид. Дискусија за симболиката на овие звуци и делење на едукативни материјали и кондоми.