Датумот за 9-тиот #ДФестивал е закажан и време е да го разбудимe фестивалскиот дух! И оваа година на ПлоштАрт на Д Фестивал 2019, низ креативна дружба ќе се информираме, едуцираме, забавуваме, а со тоа и ќе ја демистифицираме рекреативната употреба на дроги, кој е популарен социо-субкултуерен феномен, особено интересен за младите и е составен дел од музичките настани…
Talking Drugs’ – (Дрогите зборуваат) – Интерактивни едукативни дружења со социјални работници кои имаат за цел да ја подигнат свесноста за штетните последици од користење дроги и да ја едуцираат младина како да се заштити.
(Re)use Your Mind – (Ре)Употреби го умот – Креативни работилници водени од креативниот тим на организацијата кои имаат за цел да укажат на потребата заеднички да ги решаваме општествените проблеми.
Изработувајќи маски од отпад кој го наоѓаме во кампот, повикуваме на креативен приод на решавање на општествените проблеми и општество во кое сите имаат право на еднакво учество. Луѓето кои користат дроги се дел од општеството, да не ги отфрлиме туку и нив еднакво да ги вклучиме во унапредувањето на заедничкиот живот.
All you need is to share – (Се’ што треба е да споделиш) – На фестивалот гостите ќе имаат можност да остварат разговор со психолог на теми поврзани со конзумирање дроги.
Свое обраќање ќе има и правник од организацијата кој ќе информира накусо за законската политика за дроги во нашата земја и ќе ги укаже нашите права при средба со полиција.
Додека психијатар од организацијата ќе зборува за КАНАБИДИОЛ КАКО ПОТЕНЦИЈАЛЕН ТРЕТМАН НА АНКСИОЗНИТЕ РАСТРОЈСТВА.
Оваа година на фестивалот ќе претставиме и културно уметничка просторна инсталација како дел од акцијата финансирана од ЦИВИКА МОБИЛИТАС: „Креативна акција за општествени промени“ – граѓански ангажман на луѓето во социјален ризик. Целта е да поттикнеме младински активизам и демистифицирање на употребата на дроги како субкултурен феномен особено интересен за младите.
Се гледаме на ПлоштАрт од 11 до 18 часот! #цивикамобилитас #хопс