Здружението ХОПС – Опции за здрав живот ја изразува разочараноста од укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, особено што ова се случува во период кога нашите корисниците на услуги се уште поранливи на насилство и дискриминација.
Како организација долги години сме директно вклучени во процесите за подготовка на закони и политики поврзани со промоција и заштита од дискриминација и застапуваме за усвојување на документи што ќе ги рефлектираат потребите на маргинализираните заедници. Затоа сме особено загрижени што во отсуство на функционално Собрание, сексуалните работници, луѓето кои употребуваат дроги и останатите маргинализирани заедници ќе останат без механизам за ефикасна заштита на нивните права подолг период. Поради ова, ги повикуваме политичките партии што ќе бидат дел од следниот собраниски состав да дадат приоритет на усвојувањето на Закон за спречување и заштита од дискриминација и во изборот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.