Почитувани, Во исклучителните околности во кои се наоѓа Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје поради ненадејната смрт на нашиот колега и доскорешен извршен директор г. Ивица Цековски Управниот одбор на ХОПС донесе одлука за вршителка на должност (в.д.) Извршна директорка на ХОПС да ја назначи г-а Хајди Штерјова Симоновиќ.
Ова е времено решение, во траење од 3 месеци, односно до завршувањето на вонредната состојба и до создавање на услови за избор на Извршен директор на ХОПС по редовна постапка. В.Д. Извршната директорка ќе ги има истите обврски и задолженија како и Извршниот директор.
Госпоѓата Штерјова Симоновиќ е правничка со повеќегодишно работно искуство во ХОПС и со незаменливо познавање на работата на ХОПС и на заедниците на кои ХОПС им е посветен.
Во текот на времетраењето на нејзиниот мандат госпоѓата Штерјова Симоновиќ можете да ја добиете на следните контакти: Телефон: +389 70 400 096 hajdis@hops.org.mk
Срдечен поздрав, во име на ХОПС, Вања Димитриевски Менаџер на човечките ресурси
