ХОПС- Опции за здрав живот Скопје четири години во континуитет врши мониторинг на буџетот на Министерството за здравство, пред сѐ на финансиските средства кои ги добива ова министерство од акцизите за етил алкохол, за пиво и за цигари за да се утврди дали во рамките на овие финансиски средства постои можност за финансирање на граѓанските организации кои спроведуваат програми за зависности.
Погледнете ја целосната анализа: Акцизите за етил алкохол, за пиво и за цигари претставуваат клучен извор на средства кој може да се искористи за финансирање на програмите за зависности кои ги спроведуваат граѓанските организации.