Хопс и Support. Don’t Punish и оваа година беa дел од Д- фестивал каде што заедно со младите учесници се едуциравме и дебатиравме на теми поврзани со ризичната употреба на психо-активни супстанци, кривичниот закон за психо-активни супстанци и менталното здравје кај младите како последица од употребата на психо-активни супстанци.
Околу 30-40 млади активно учествуваа во разговорите и покажаа голем интерес за тоа како да го намалат ризикот од употребата на психо-активни супстанци. Тие имаа многу прашања поврзани со тестирање на супстанците и изразија неверување зошто се уште не постои ваква можност кај нас. Исто така, голем дел од младите не беа информирани за новата промена во кривичниот закон за употреба на психо-активни супстанци која не ја гони кривично личната употреба.
Интересот кај младите беше голем и за последиците кои можат да го нарушат менталното здравје доколку злоупотребуваат супстанци, особено ако тоа се случува подолг временски период.
Доколку ги сумираме импресиите, може да заклучиме дека покренувањето на теми како што е употребата на психо-активни супстанци е повеќе од потребно кај младите. Тие имаат потреба од тестирање на супстанци и едукација која ќе биде темелена на докази за ризик фактори и штетни последици, како и целосни, достапни и релевантни информации за супстанциите.
Се гледаме следната година на Д фест!











