Ги собираме импресиите од уште еден Д-Фестивал, гласен, креативен и убав. Тимот на ХОПС, одржа едукативна дискусија на тема „Употреба на психоактивни супстанции на музички настани“ на која се зборуваше за принципите на кои функционира намалувањето на штети од употреба на дроги, односно начинот на кој овие принципи спасуваат животи. Исто така присутните имаа можност да чујат како да се превенира, намали штета од рекреативната употреба на дроги на музички настани, да добијат информативен материјал и кондоми.
Креативците се погрижија со интерактивна инсталација да го разиграат кампот, а во исто време и да ѕирнат во соништата на присутните фестивалџии. Посетителите имаа можност да дадат своја рефлексија, видување, импресија од тековните настани на комплетно празниот ѕид изработен од рециклирани материјали, во вид на слика, но и во вид на звук од инструменти исто така изработени од реупотребени предмети. Така со сета креативна и повторно употребена енергија се создаде ѕидот „Гласни соништа“ кој уште го краси градскиот парк во Дојран.
Во чест на глобалната кампања “Support don’t punish”, која има за цел да посочи дека потребни се политики за дроги кои ќе се фокусираат на промоција на здравствените и човековите права и слободи, посетителите на Д-Фест имаа можност да си купат маици и торби со уникатни принтови од нашите Драши Ем Елефантски.
Сите сме супер задоволни од дружбата и секако #playstaysafeandsound everyone, сè до следниот Д-Фест!