ХОПС додели мали грантови во висина до 10.000 евра на три организации за спроведување на проекти за подобрување на социјалната инклузија на децата и младите во ризик во Македонија.
Грантовите се доделени на:
- Здружение Центар за образовна поддршка ДЕНДО ВАС Скопје, за спроведување на проектот „ Едукативна програма за предучилишни деца“
- Здружение – Институт за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ Скопје, за спроведување на проектот “Справување со малолетничка деликвенција: Иновација во превенција и социјална инклузија“
- Здружение на новинари за човекови права Скопје, за спроведување на проектот “Скриениот херој во секое дете“.
Им честитаме на грантистите и им посакуваме успешна работа. Наскоро ќе соопштиме и повеќе детали за поддржаните иницијативи.
Проектот „Социјално зајакнување на млади во ризик“ преку кој ги доделивме грантовите е поддржан од Европската унија, а ХОПС го спроведува со партнерите Јувентас – Црна Гора, Лабиринт – Косово, АРСИС – Албанија, Превент – Србија, Здружение Маргина – БиХ и Schüler Helfen Leben – Германија.