На 26 ти септември од 19 и 30 во Галерија КО РА, и ние ќе учествуваме со дело наречено „Пластика“.
Пластика претставува визуелена тродимензионална дискусија создадена од реупотребени пластични предмети кои ги претставуваат предизвиците на денешниот општествен живот. За основен медиум се користи пластична амбалажа која е реупотребена, реобликувана и дополнета со различни реупотребени предмети од опкружувањето, избрани и компонирани од маргинализирани луѓе и индиректно отсликува визија за дијалог помеѓу дискриминнираните стигматизирани социјално загрозени единки и групи, наспроти останатите општествени чинители. Тој чин влијае на подигнување на свеста за околината, овозможувајќи учество во креирањето и реализирањето на целите за квалитетно заедничко општествено живеење за сите подеднакво.
Пластика е дел од живата мобилна просторна инсталација “Реупотреба на умот” која како основа е создадена од раце и ум на економски и социјално загрозена група луѓе и зборува за потребата заеднички здружени да вложуваме во обновувањето на општеството. “
Изложбата е во рамки на 9-тата меѓународна научна конференција „Новите парадигми на инклузивното општество“, во организација на Европски универзитет во Скопје. На изложбата ќе бидат презентирани уметнички и дизајнерски дела од следните автори:
Марта Џиомџора, Здружение на граѓани ‘‘ХОПС – Опции за здрав живот“ Скопје, Ангела Евремова, Андреј Стамевски, Александра Јовановска и Екатерина Намичева, Маја Ѓуреска, Антонија Гугинска, Росица Колева, Гордана Вренцоска, Александра Петрушевска Ристовска, Христијан Санев, Јана Манева – Чупоска, Назли Џан, Мерт Расим.