ХОПС – Опции за здрав живот во рамките на Музичкиот Фестива Д Фест, што ќе се оддржи од 14 – 16 јули 2017 година во Дојран ќе учествува со тим составен од 5 члена. На фестивалот тимот активно ќе учествува во програмата на фестивалот „Aктивниот Саем” со Интерактивна инфо-едукативна работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” и со креативна работилница со Алтернативна Арт Медитација.
Активностите се со врееметраење од 6 часа кои ќе се одвиваат на простор предвиден за таа намена со сите технички потребни помагала. Во рамките на овие активности ќе се направи презенетација на организацијата, ќе бидат дистрибуирани инфо-едукативни материјали и на располагање ќе биде тимот за дополнителни информации во врска со активностите на ХОПС и заинтересирани посетители ќе можат да се запишат на листа на волонтери кои би се вклучиле во понатамошни едукации и обуки.
* Едукативна дебата за користење и злоупотреба на дроги и психоактивсни средства на фестивали 16-ти јули // 12:00-14:00.
* Арт Медитацијa – Медитативна активност 16-ти јули // 14:00.
Целата програма на фестивалот можете да ја видите овде http://dfestival.mk/.