ХИВ комплети за самотестирање ќе бидат достапни за купување во одредени локации за прв пат во Велика Британија. Superdrug ќе станат првиот продавач кој ќе понуди комплет во своите 200 продавници за 33,99 фунти. BioSURE, ХИВ комплетот за самотестирање, претходно бил достапен за купување преку интернет. Комплетот е првиот легално одобрен комплет за самотестирање на ХИВ во 2015 година, со стапка на точност од 99,7%. За да се открие присуство на ХИВ антитела, се користи мала количина на крв од прст, а резултатот е готов за само 15 минути.
ХИВ комплетите за самотестирање, ќе станат подостапни, а со тоа ќе се помогне за рана дијагноза на ХИВ/СИДА.
Поради развојот на достапните третмани, ХИВ сега може да биде болеста што може да се контролира, но доцната дијагноза може да има катастрофално влијание врз здравјето и очекуваниот животен век.
Д-р Пикси МекКена, експерт за здравство и претставник на Superdrug, изјави: „Потегот на Superdrug за мотивирање на пациентите за самостојно тестирање на ХИВ, е уште еден чекор напред во нашата борба против оваа болест. Пациентите кои успеале во третманот со ХИВ имаат нормален животен век, но за да знаете дека треба третман, треба да ја знаете вашата дијагноза”.
Во мај, Теренс Хигинс Траст започна програма, за да им овозможи на високо ризичните групи – мажи кои имаат секс со мажи, транс жени и црн африкански народ, да нарачаат бесплатни ХИВ комплети за самотестирање. Проектот од шест месеци е поддржан од Фондот за иновации за јавно здравство на Велика Британија. Добротворната организација проценува дека има 10.400 луѓе во Велика Британија кои не знаат дека живеат со ХИВ. Ова значи дека тие не се на ефикасен лек и несвесно може да го пренесуваат вирусот.