Нашата генерална директорка, Хајди Штерјова Симоновиќ, присуствува на прес-конференција „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
На конференцијата учествуват претставници на професионални стручни здруженија и граѓански организации, политички партии и пратеници, амбасадори од земјите на ЕУ и европскиот регион.
На конференцијата e промовирана и Декларацијата „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“, која ја потпишаа релевантни стручни здруженија и граѓански организации меѓу кои и ХОПС.
ХОПС изразува поддршка за воведување на сеопфатното сексуално образование во формалниот образовен систем во земјава и ќе се залагаме за успешно интегрирање во националниот образовен курикулум.