Членовите и претставниците на „Заедницата за вирусен хепатитис“, која вклучува луѓе кои живеат со вирусен хепатит, лекари, медицински сестри, социјални работници, истражувачи, експерти за јавно здравје, а луѓето кои користат дроги – се загрижени поради растечкиот јаз меѓу огромното влијание на хепатитис Б и Ц, во однос на луѓето кои користат дроги и нивните речиси непостоечки пристапи до превенција, дијагноза и третман на услуги во целиот свет.
Споделувањето на опрема за инјектирање на дрога со нестерилни игли, ги става луѓето на висок ризик од хепатит Б и Ц инфекции. На глобално ниво се проценува дека кај 15,6 милиони лица кои моментално инјектираат дроги, 52% се позитивни на антитела од хепатитис Ц, а 9% живеат со хроничен хепатитис Б.
Од оваа гледна точка на јавното здравство и човековите права, подобрувањето на пристапот до превенција и третман за лицата кои употребуваат дроги е од клучно значење за намалување на инциденцата на хепатитис Ц и елиминирање на епидемијата. Обезбедување пристап до интервенции, како што се програми за намалување на штети со стерилна опрема за инјектирање, опиоидна супституциона терапија, третман со хепатитис Ц и други интервенции за намалување на штетите, се од суштинско значење за намалување на инциденцата и преваленцата на хепатитис Ц кај луѓето што инјектираат дроги.
Во 2016 година, земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) ја усвоија првата стратегија за глобален здравствен сектор (GHSS) за вирусниот хепатитис, кој идентификуваше дека програмите за намалување на штетати, е една од петте основни интервенции потребни за постигнување на целта на елиминација на вирусно хепатитис до 2030 година.
И покрај доказите и препораките на СЗО, сеопфатните услуги за намалување на штети се недостапни за повеќето луѓе кои користат дроги во светот. Во 2017 година, меѓу 179 земји и територии каде што е пријавена интравенска употреба на дрога, 86 спровеле замена за опиоидна супституција и 93 имаат програми за размена на игли и шприцеви. Инаку само 1% од луѓето што инјектираат дрога живеат во земји со висок опфат на двете услуги. Дури и таму каде што постојат услуги, луѓето кои користат дрога се соочуваат со повеќе тешкотии во пристапот до превенција и третман на хепатитис Ц поради слабиот пристап до здравствените услуги, нивното исклучување преку критериумите за третман, закани од насилство и злоупотреба при откривање на статусот корисници на дрога и универзална стигматизација. Како резултат на тоа, епидемијата на хепатит Ц продолжува да расте кај луѓето кои користат дроги.
Овој недостиг на пристап до грижа за лицата со хепатитис и лицата кои употребуваат дроги е длабоко вкоренет и воден од нашите закони и политики кои ја криминализираат употребата на дрога, поседувањето на дрога. Казненото спроведување на законот за дрога е директна бариера за услугите за намалување на штети на многу начини:
- Забраната за поседување на дрога, го попречува испораката на услугите за намалување на штети.
- Многу национални закони наметнуваат тешки и несразмерна затворски казни за помали, ненасилни прекршоци поврзани со дрога (како што се употребата на дрога, поседување на мали количини на дорга).
- Лицата кои користат дроги честопати се затворени или се вонсудски притворени,. Ова често води до прекин на медицинските третмани, без пристап до превенција и други услуги за намалување на штети, како и при зголемен ризик од инфекција со хепатитис.
- Политиките што ја криминализираат употребата на дрога ги поттикнуваат стереотипите и негативните претпоставки за луѓето кои користат дроги, ја зајакнуваат стигматизацијата и дискриминацијата.
Дури и во земјите кои имаат интегрирано намалување на штети во домашните политики за јавно здравје, поради криминализацијата стравот од апсење продолжува да ги одвраќа луѓето од услугите за превенција и нега.
Голем број земји, како што се Португалија и Чешка, декриминализирале мали прекршоци со дрога, а со ова се случиле значителни придобивки за јавното здравје. Овие промени во политиката се покажале како многу успешни и довеле до зголемување на пристапот до намалување на штети и здравствени услуги од страна на луѓе кои користат дроги – придонесувајќи за намалување на нови ХИВ инфекции и намалени штети поврзани со употребата на дрога и зависноста од дрога.
Нашите закони и политики кои забрануваат дроги водат кон непотребни и непропорционални кршења на човековите права, вклучувајќи насилство, болести, дискриминација и поткопување на правото на луѓето на здравје.
„Заедницата за вирусен хепатитис“, потполно ја подржува посветеноста на земјите-членки кон целта за елиминирање на вирусниот хепатитис до 2030 година. За да се постигне таа цел, ги повикуваат светските политички лидери да ги отстранат сите бариери за прифаќањето на целиот спектар на услуги за превенција од страна на луѓе кои користат дроги преку реформирање на законите, процедури за спроведување на законот и дискриминација што го попречуваат пристапот, вклучително и криминализација на мали, ненасилни дроги и да прифати пристап базиран исклучиво на унапредување на јавното здравство, почитување на човековите права и докази.