Harm Reduction International ги истражуваше предлог документитите на УНГАСС, и изјавува сериозна загриженост за комуникацијата и терминологијата која се користи во врска со намалување на штети и ХИВ превенција. Важно е да се заштитат придобивките претходно склучени на основни прашања, и да се осигура дека нема да се нарушени како резултат на процесот на УНГАСС. Доколку се усвои предложената верзија, документот ќе претставува уназадување на сите досегашни договори во рамките на CND.
Секторот за намалување на штети на претстојниот состанок за High Level Meeting on HIV што ќе се одржи на само неколку недели по УНГАСС, се обидува да потенцира нови цели во превенцијата на ХИВ кај луѓето кои користат дроги.
Одредени недостатоци на кои треба да се поработи:
- На игнорирањето на програмите за намалување на штетите и потврдата за концептот или програмите во целина.
- Отсуството на заеднички јазик околу значајноста за учество на граѓанските организации во дизајнирање и имплементирање на услуги дизајнирање и имплементирање на услугите и програмите за застапување на лицата кои користат дроги или лица кои инјектираат дроги.
- Слаб јазик кој бара да се промовира, но не и да се спроведе техничкиот водич на СЗО / УНОДЦ / УНАИДС – „Технички водич за земјите да постават цели за универзален пристап до ХИВ превенција, третман и грижа за лицата кои инјектираат дроги “- значаен чекор назад од претходно договорените обврски со форумот за соработка и ХИВ истражувања.
- Недостатокот на признавање на претходно договорени обврски за превенција на ХИВ меѓу луѓе кои користат дроги и недостатокот на признавање дека овие глобални цели биле пропуштени.
- Недостатокот на признавање на потребата да се работи на повисоко ниво и за подобрување на ХИВ третманите, превенцијата и заштитата со цел да се стави крај на ХИВ епидемија.
- Непристапноста до ХИВ антиретровирусна терапија за сите лица кои инјектираат дроги.
Предложената преамбула:
- Повикување на резолуција 53/9 од 12 март 2010 година, за постигнување на универзален пристап до превенција, третман, грижа и поддршка за корисниците на дрога и луѓе кои живеат со ХИВ.
- Повикување на резолуцијата 54/13 од 25 март 2011 година, за постигнување на нула нови инфекции на ХИВ меѓу инјектирање и други корисници на дрога.
- Резолуцијата 56/6 интензивирање на напорите за постигнување на целите на „Политичката декларација за ХИВ и СИДА во 2011 година меѓу луѓе кои користат дроги“, особено за цел намалување на преносот на ХИВ кај луѓе што инјектираат дрога за 50 % до 2015 година.
- Повик за земјите членки да ги зајакнат напорите да се обезбеди континуирана политичка заложба за борба против ХИВ/СИДА меѓу лицата кои употребуваат дроги, особено луѓето кои инјектираат дроги, и да ги признае целите поставени во политичка декларација за ХИВ и СИДА.
- Земјите членки да осигураат соодветен пристап за лицата кои употребуваат дроги, особено луѓето кои инјектираат дроги. Пристап до деветте интервенции споменати во Техничкиот водич, без стигма, дискриминација и обезбедување родова еднаквост.
Оперативни препораки:
- Обезбедувањето на третмани за намалување на штети врз основа на докази (вклучително и во затворите и во местата за притвор) не може да се гледа како на политичка опција во дискреција на државите, но мора да бидат признати како основна обврска на државите да ги исполнат своите меѓународни правни обврски во рамките на правото на здравје;
- Препознавање на потребата за соодветни, доброволни врз докази базирани услуги за оние стимулант корисници кои имаат потреба од услугите, техничкиот водич на СЗО / УНОДЦ / УНАИДС не се занимава со оваа група;
- Препознавање на глобалниот дефицит за одржливо финансирање на програмите за намалување на штети и поддршка на реконфигурација на обезбедувањето ресурси, настрана од казнените реакции како интервенции за намалување на штети;
- Интезивно учество и обезбедување поддршка, обука и финансирање на организации од заедницата и граѓанските организации во дизајнирање и имплементирање на услугите и застапување на програми за лицата кои употребуваат дроги/лица кои инјектираат дрога.