До неодамна во Грузија, секој фатен со канабис два пати во последните 12 месеци се соочувал со казна зад решетки до 14 години. Откако Уставниот суд го донел во сила законот за декриминализацијата за поседувањето на дроги, е дозволено да носиш канабис за лична употреба. Промените се случуваат по случајот на 27-годишниот Бека Тсикаришвили, кој бил уапсен во 2013 година за поседување на 65 грама канабис за лична употреба. Бека се соочил со долга казна, но сепак продолжил да се бори со институциите поради повредување на неговото човеково достоинство и неправедна казна.
По овој случај судиите во октомври се согласиле да го укинат законот со затворска казна за купување, пушење како и носење на мали количини на канабис, повикувајќи се на самиот закон дека е “неуставен”. Додека оние кои поседуваат дроги со намера за продажба ќе се соочуваат со високи казни. Судот одлучил дека луѓето кои претходно биле осудени за пушење канабис, нема да се соочат со казна доколку бидат фатени повторно. Активистите за легализација на канабисот велат дека повеќе од 100 луѓе уапсени за поседување на канабис за лична употреба издржале веќе казни.
„Притисокот на јавноста бил еден од главните фактори зад одлуката на судот”, вели Дејвид Субелиани, лидерот на White Noise, регионална група која водела кампања за легализација на сите дроги. Тој исто така ја потенцира нулта толеранцијата на властите за дроги, со тоа што повеќе од 300.000 луѓе, речиси 10% од 3,7 милиони жители на Грузија, биле принудени да направат тестови на урина во текот на изминатите седум години.
И покрај очигледната декриминализација, луѓето се уште се соочуваат со парична казна од 500 Лари (£ 150) ако се утврди TХЦ во нивната урина. Субелиани изјави дека по декриминализацијата извршени се помалку присилни тестирања на урина.
На новогодишната ноќ во 2016 полицајци ги посетиле канцелариите на Либералната партија на Грузија, Новиот центар – Girchi, каде нејзините членови засадиле 84 семки канабис како дел од нивната кампања за декриминализација на дрогите и легализацијата на канабисот. Полицајците ги конфискувале растенијата, додека лидерот на партијата, Зурад Жапаризе и неговите колеги ќе бидат обвинети за кривично дело. Жапаризе тврди дека пушењето канабис не е само право на човекот, тоа е исто така одговор на финансиската криза на својата татковина. Во последниот квартал на 2016 година по декриминализацијата, економијата пораснала за 2,3%. Преку моделот на Колорадо кои го легализираа канабисот во 2014, Girchi смета дека во Грузија БДП може да порасне за 1.6 милјарди долари (10% од буџетот на Грузија) и 63 милиони долари преку туризмот и оданочување на одгледувачите.
„Имаме некои други економски реформи, но тие ќе донесат промени само во четири до десет години. Реформите со канабисот се единственото нешто што можеме да направиме сега во 2017 година.“ – Зурад Жапаризе
И покрај одлуката на судот Girchi се уште се соочува силниот отпор, не само од страна на владејачката централно-левичарска грузиска коалиција Dream coalition, која жестоко се спротивставува на либералните идеи, но исто така се соочуваат со отпор од православната црква.
Иракли Гарибашвили, кој неодамна поднесе оставка од премиерската функција кажа: „Ова е прашање на принцип и ние сме должни да ги согледаме ужасните последици. Јас сум лично, целосно, категорично против тоа.” Секако оваа инцијатива е поддржана од активистите за легализација и либералните политичари.
Извор:www.theguardian.com