Протестот е како последица на неодамнешниот обид за силување во Корк, при што долна облека на 17-годишна девојка беше искористена против неа како доказ на суд.
За време на судењето, постариот советник Елизабет О’Конел му кажал на жирито дека треба да размислат за долната облека што ја носела тинејџерката за време на наводното силување.
„Дали доказите ги отфрлаат можноста дека таа била привлечена од обвинетиот и али сакала да запознае некого и да биде со некого?” изјавила таа, според ирскиот испитувач.
„Треба да се погледне начинот на кој таа беше облечена. Таа имаше танга со чипка однапред”
Нојлин Блеквел, раководител на криминалниот центар за силување во Даблин, го коментирал овој случај, каде што навел: „Повикувањето на долната облека на девојката во овој случај и претпоставката и заклучокот дека жирито било повикано да се повлече – поради тоа што како таа била облеченазначело дека посакува секс – не нè изненадува”.
Многумина го осудија начинот на кој се водело ова судење за силување, а критичарите го обвинија адвокатот на обвинетиот за обвинување на жртвата.
По судењето, 26-годишната активистка Стејси Елен Марфи започнала со протест во обид да го реформира начинот на кој се спроведуваат судењата за силување, одејќи по улиците на Даблин во нејзината долна облека.
Таа ветила дека ќе продолжи со простестирање, се додекане и се приклучат упте 50 луѓе кој што ќе ја поддржат.
Во четвртокот 22 ноември, Марфи, Аленка Касиди и Лена Сил доволни храбри на тоа студено време, облечени во долна облека, протестирале со фразата „ова не е дозвола” која што била напишана на нивната кожа.
„Јас нема да престанам додека не видам промена”, изјавила Марфи, според Здружението на медиумите.
„Додека не се зборува во парламентот. Додека не стигнам до парламентот. Сè додека не се направат промени.”
„Јас нема да престанам додека не излеземе толпа од 50 луѓе кои секојдневно ќе минуваме по улиците, додека не се промени судскиот систем за долна облека.”
Во понеделникот на 19 ноември Марфи се упатила кон судовите во Даблин носејќи само долна облека.
Како што стоела на скалите, Марфи прегрнувала жртва на силување чиј напаѓач беше осуден на затвор во судот.
Во текот на викендот, Таојзах Лео Варадар изјавил дека побарал “еминентна личност” да го испита начинот на кој доказите се оценуваат на суд.
„Без разлика дали сте маж или жена, ако сте жртва на силување или сексуален напад, никогаш не сте вие виновни за тоа”, рекол тој.
„Не е важно што носиш, каде одиш, со кого одиш или дали конзумираш алкохол или дрога – никој не бара да биде силуван”.
Како одговор на судењето за наводното силување во Корк, жените во Ирска се објавувале фотографии од долна облека на социјалните медиуми со хаштагот “#ThisIsNotConsent”.
Претходно овој месец во центарот на Корк се одржа протест поради употребата на долна облека на тинејџерката како доказ во судот.