Грчкото Министерство за здравство подготвува амандман со кој ќе се отвори патот за отворање на простории за безбедно консумирање дрога во Атина.
Овие простории ќе им овозможат на корисниците на дрога со стерилна опрема да користат нелегални дроги под строг надзор на претходно стручно едуциран персонал, во хигиенско опкружување.
Легислативата има за цел да ги намали ризиците од пренесување на болести преку користење на нестерилен прибор за инјектирање, спречување на смртните случаи кои што настануваат од предозирање и поврзување на корисниците на дроги со лекување зависности и преку нудење на друг вид на социјални услуги.
Министерот за здравство, Андреас Ксантос изјавил дека вработените во овие установи ќе водат евиденција за корисниците и нивното раководење ќе биде утврдено со министерска одлука.
Централната законодавна комисија на владата работи на предлог-законот и откако ќе заврши ќе го достави до Парламентот нацрт-законот за преструктуирање на Националната здравствена служба (ЕСЈ).
Просториите за безбедно консумирање дрога функционираат во Европа во последните три децении и сите земји имале позитивни резултати: намалување на смртноста од предозирање и високо ризично однесување од страна на корисниците и претставуваат прв чекор кон пристапот до третман и услуги, а исто така ја намалуваат непријатноста за жителите во населбите каде што постои нелегален пазар на дрога.