Грчкиот парламент со големо мнозинство го одобрил отворањето на просториите за консумирање дрога – простории кои што можат да спасат животи и ги намалуваат штетите поврзани со дрога.
Легислативата, која ила поддржана од Министерството за здравство, поминала низ парламентот со 229 гласови ЗА, а само 32 биле против на 7-ми март,оваа година. Министерството за здравство сега ќе може да лиценцира одредени локации низ целата земја за да работат како простории за безбедно консумирање дрога – простории каде што луѓето ќе можат да користат нелегални дрога во безбедна, стерилна средина и без страв од гонење.
Грчкиот весник “Јас Катимерини” објавил дека “за да ги користеле услугите на овие простории, луѓето ќе морале да се регистрираат во регистарот на корисници” пред да им биде дозволено да влезат. Со новиот закон се навело дека поседувањето дрога нема да биде криминализирано во близина на објектите, туку само за луѓето во овој регистар.
Овие простории ги спречуваат смртоносните предозирања, бидејќи здравствените работници ја надгледуваат употребата на дрога од страна на луѓето и поседуваат налоксон – лек кој превенира предозирање со опиоиди. Меѓу деветте други европски земји каде што има вакви соби, никогаш немало фатално предозирање.
Како што објавија ТолкингДраг, Грција моментално има една од највисоките стапки на ЕУ за ново-дијагностицирани ХИВ случаи препишани на употребата на дрога со инјектирање. Овие простории ги намалуваат штетите од употреба на дрога со обезбедување на луѓето со стерилна опрема, минимизирање на ризикот од пренесување на болеста – вклучувајќи ги и ХИВ и Хепатитис Ц – со размена на игли.
Спротивно на аргументите на критичарите дека овиесоби го охрабрувале проблематичното користење на дрога, ваквите објекти им обезбедуваат на маргинализираните лица – особено на бездомниците – можност за пристап до третман и основна здравствена заштита. За многу луѓе кои ги користат услугите на овие простории, влегувањето во истата може да биде единственото време кога тие контактираат со медицински професионалци или специјалисти за зависности.
Собите за безбедно инјкетирање, исто така, обезбедуваат широк спектар на придобивки за луѓето кои не користат дроги, но кои живеат или работат во близина на таков објект. Овие соби го подобруваат пристапот на јавноста до службите за итни случаи, можат да го намалат криминалот воопшто и да помогнат во интегрирањето на маргинализираните лица во легитимната економија – обезбедување на финансиски бенефиции за целото општество.
Собите за безбедно консумирање дрога работат законски во Холандија, Германија, Данска, Шпанија, Норвешка, Франција, Луксембург, Швајцарија, Канада, Австралија и Белгија.