Оваа анализа има за цел да утврди дали социјалната заштита планирана на локално/општинско ниво предвидува соработка со ГО како вршители на предвидените мерки и активности од областа на социјална и здравствена заштита предвидена со плановите за социјална заштита и доколку се планирани за каков вид на активности и на кој начин се поддржани. Следното прашање е колку реално ГО сеподдржани од страна на локалните власти, односно дали навистина добиле средства, дополнително на она што е планирано.
МЕТОДОЛОГИЈА
Во утврдување на целите на оваа анализа, во смисла на тоа дали и како ГО се предвидени како вршители на социјална заштита, основен извор на податоци кој го користевме беа Програмите за социјална, детска и здравствена заштита на локално ниво за 2020 година, односно последната година за која на располагање има и завршни сметки за нивна реализација. Беа анализирани само програмите кои беа јавно достапни на веб страните на општините, најчесто од Службените гласници. Во смисла на пристап, најпрвин ги анализиравме програмите на локалните власти и соодветно на содржината дадовме одговор на поставените прашања на оваа анализа (целите на оваа анализа) индивидуално за секоја општина, а потоа извлековме заклучоци за состојбата воопшто. 5 Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво Дел од анализата е посветен на анализа на буџетите на локално ниво која има за цел да го прикаже нивото на соработка помеѓу општините и ГО во обезбедување на локални јавни услуги, со фокус на оние поврзани со социјалната заштита и заштитата на деца (буџетска програма В2), и здравствената заштита (буџетска програма Т1).
Дополнително, оваа анализа дава и приказ на износот на средства кој локалните самоуправи во РСМ ги издвоиле и платиле на граѓанските организации во 2020 година за спроведување на активности од значење на локалните заедници врз основа на анализа на извршените трансфери од буџетската ставка 463 “трансфери до невладини организации”. Оваа ставка во себе вклучува шест буџетски потставки, и тоа: 463110 (трансфери до здруженија на граѓани и фондации); 463120 (трансфери до спортски клубови);463130 (трансфери до Македонски олимписки комитет); 463140 (трансфери до организации кои се грижат за постари и хендикепирани лица); 463160 (трансфери до хуманитарни организации); и 463190 (останати трансфери до невладини организации). Сите податоци за извршените трансфери опфатени во оваа анализа се засноваат на објавени информации на порталот за отворени финансии (https://open.finance.gov.mk/mk/home).
И на крајот, со цел поблиску да се утврдат намената и примателите на овие трансфери извршени од локалните самоуправи, анализирани се информации објавени во завршните сметки и годишните извештаи за работењето на 351 селектирани општини објавени на нивните официјални интернет страници. Општините кои беа селектирани се наоѓаат низ целата територија на земјата, вклучувајќи го град Скопје и неколку општини од територија на град Скопје. Преглед на општините и програмите кои беа анализирани се прикажани во анекс 1.
Оваа анализа исто така се базира и на одговорите на ГО кои нудат социјални и здравствени услуги, членки на неформалната мрежата предводена од ХОПС во однос на тоа во кој регион ги спроведуваат услугите, кои видови на социјални и здравствени услуги обезбедуваат и на која целна група, дали нивните услуги се бесплатни, кои извори на финансирање ги имаат со цел да ги обезбедат услугите, нивните познавања во однос на тоа дали општината/општините во која работат има план за социјална заштита, дали тие или останатите ГО биле консултирани при подготовка на плановите, дали во планот се предвидени средства за ГО и за која намена, колкав е износот на средства предвиден за ГО вообичаено, дали тие добиле средства за социјална и здравствена заштита или пак по некој друг основ и дали знаат други ГО кои добиле средства. До завршување на оваа анализа беа доставени одговори од вкупно шест ГО2.
Прочитајте ја целата анализа ТУКА.
Оваа публикација е подготвена во рамките на проектот „Граѓанските организации во Западен Балкан и нивната улога во обезбедувањето социјални услуги и превенција од социјална исклученост”, финансиран од SIDA –Swedish International Development Cooperation Agency а имплементиран од BCSDN – Balkan Civil Society Development Network.
Содржината на оваа публикација како и информациите и ставовите презентирани во неа не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на SIDA и BCSDN. Одговорноста за информациите и ставовите презентирани во оваа публикација е на авторите.