Цивика мобилитас го издаде третиот број од списанието „Граѓаните за промени“ кој во фокусот ја има соработката на граѓанските организации која е во основата на нивното постоење и функционирање.
Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:
Прочитајте за „Зелена лупа“ кои го заживуваат законот за пробација во Струмица и за Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) кои го објавија регистарот на професионални онлајн медиуми. Во последниот квартал на 2019 година, организациите здружено одбележаа и неколку значајни денови како меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, деновите на медиумска писменост и меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Во преостанатите теми на магазинот можете да најдете повеќе информации за Истражувачкиот филмски фестивал на ПИНА, новата апликација „Чисти и здрави“ која ќе поттикне нови еко-свесни генерации, како и за конференцијата на Коалицијата „Сите за правично судење“ каде ги презентираа резултатите од мониторингот на кривични постапки од областа на семејно насилство и родово базирано насилство во текот на 2019 година.
„Граѓаните за промени“ е списание за граѓанското општество и на граѓанското општество. Бидете дел од него, испратете ни информации за Вашите активности и резултати.
Тимот на Цивика мобилитас ни вели: пишувајте, читајте и споделувајте за посилен граѓански сектор.