Со поддршка од Министерството за односи меѓу заедниците, од јуни започнавме со реализација на проект кој има за цел да ги зајакне економските, социјалните и личните капацитети на луѓето кои употребуваат дроги и другите лица во социјален ризик.
Веруваме дека вистинската поддршка не завршува со советување – таа значи создавање можности за поголема самостојност, достоинствен живот и активно учество во заедницата.
Што ќе реализираме?
- Работилници за развој на животни и економски вештини:
Практични активности за развој на комуникациски, организациски и професионални вештини, финансиска писменост, подготовка за вработување и јакнење на самодовербата.
- Индивидуална поддршка:
Кариерно советување, насочување и поддршка во поставување лични и професионални цели, согласно потребите и потенцијалите на секој учесник.
- Социјална инклузија и поврзување со заедницата:
Активности кои ќе поттикнат активно учество во заедницата, меѓусебна поддршка и создавање нови можности за личен и професионален развој.
Веруваме дека секој човек заслужува можност да ги развива своите потенцијали, да стекнува нови вештини и да гради иднина со повеќе сигурност и достоинство.
Тука сме за вас.
Доколку сакате да дознаете повеќе или да се вклучите во активностите, пишете ни во порака, јавете се на 072 272 818 или посетете нè на ул. Коста Кирков бр. 16.
