Град Скопје ја потпиша Париската декларација

0

Градот Скопје стана потписник на Париската декларација за ставање крај на епидемијата на ХИВ, со што Скопје се придружи на повеќе од 300 градови во светот познати како градови на брзиот колосек во ставањето крај на ХИВ како проблем на јавното здравје до 2030 година. Во рамки на потпишувањето, кратки обраќања имаа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, претставникот на Здружената програма на ОН за ХИВ/СИДА (УНАИДС) Константин Војцехович, извршниот директор на Алијансата за јавно здравје од Украина Андреј Клепиков и извршниот директор на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ – Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ Андреј Сених. На градоначалникот Шилегов му беше врачено и регионалното признание Во ваша моќ (#InYourPower Regional Award) од Алијансата за јавно здравје од Киев. HERAАльянс громадського здоров’я Alliance for Public HealthHealthy Options Project SkopjeГрад СкопјеSoS_projectМинистерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë.

Повеќе инфо со клик на линкот: bit.ly/PariskaDeklaracija

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.