На 05.02.2016, се одржа Годишен консултативен состанок за имплементација на проектот „ДОТС интервенции во РМ“. 36 едукатори за туберкулоза од 32 имплементирачки организации и институции од 15 градови низ републиката се собраа во Скопје да поразговараат за резултатите, искуствата и предизвиците во напорите за превенција на туберкулоза помеѓу ранливите групи.
Помеѓу резултатите од претходната година, истакнато беше дека во рамки на 547 едукативни сесии, вкупно 2980 лица (клиенти на субституционен третман, луѓе кои употребуваат дроги, сексуални работници/-чки, затвореници, бегалци/баратели на азил, луѓе кои живеат со ХИВ и Роми) добиле информации за превенција, рано откривање и соодветно лекување на туберкулоза.
Споделувајќи ги искуствата од работа на терен, едукаторите имаа можност да ги отсликаат потребите на целните заедници во неколку важни насоки:
- Предности и предизвици во едукативниот пристап за превенција на туберкулоза;
- Алтернативни методи за лекување на туберкулоза кои се присутни помеѓу различните заедници;
- Одржување и унапредување на пристапот до информации и сервиси за превенција и рано откривање за туберкулоза;
- Фактори кои го одложуваат навременото препознавање/ дијагностицирање на туберкулоза.
Беа договорени и активностите за тековната година, која воедно е и последна од имплементацијата на овој проект. Во 2016, едукаторите треба да опфатат околу 3000 различни лица од заедниците под најголем ризик за туберкулоза во Македонија.
Линк до галеријата од самата средба.