Правниот сервис започнувајќи од јануари 2020 година заклучно до 17-ти март 2020 година се одвиваше тековно во сите центри на ХОПС. Во овој период правните советнички услугите ги даваа во центрите, по телефон, а по потреба и на терен.
Поради настанатата состојба предизвикана од ширење на корона вирусот, за која состојба Светската здравствена организација на ден 11-ти март прогласи пандемија од Ковид – 19 или познат како корона вирус како последица од алармантните нивоа на ширење и сериозност на вирусот, ХОПС изготви Протокол за организирање на работата на ХОПС во вонредна состојба предизвикана од Ковид – 19 согласно кој се изврши реорганизација на работата на правниот сервис, па започнувајќи од 17-ти март 2020 година правните советнички услугите ги даваат само преку телефон, без посета на центрите, а по потреба и на терен.
Имајќи ја во предвид сериозноста на состојбата предизвикана од корона вирусот, на ден 18-ти март беше прогласена вонредна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена и за таа цел постојано се носеа мерки и препораки за превенција од ширење на корона вирусот кои мерки често се заоструваа. Освен мерките и препораките, се носеа и уредби со законска сила на различни закони и пакет економски мерки заради регулирање на голем број прашања и проблеми со кои се соочуваат граѓаните во овој период.
Како последица на понатамошното сериозно ширење на корона вирусот, во повеќе наврати беше прогласена нова вонредна состојба на целата територија на државата, и тоа: на ден 16-ти април 2020 година во траење од 30 дена и на 15-ти мај во траење од 14 дена. Како резултат на ваквата состојба, и понатаму следеше период на носење мерки и препораки, уредби со законска сила и пакет економски мерки, а работата на правниот сервис продолжи да се врши согласно Протоколот за организирање на работата на ХОПС во вонредна состојба предизвикана од Ковид – 19.
Заклучно до 22-ри септември 2020 година, правните советнички услугите ги даваа преку телефон, а по потреба и на терен. Започнувајќи од 23-ти септември 2020 година, ХОПС ги отвори дневните центри и правниот сервис тековно се одвиваше во центрите на ХОПС, почитувајќи ги мерките и препораките на Владата на РСМ и Протоколот за организирање на работата на ХОПС во вонредна состојба предизвикана од Ковид – 19, како и на терен. Во овој период, правните советнички услугите ги даваа во дневните центри, преку телефон, а по потреба и на терен.
Вонредната состојба која во повеќе наврати беше прогласувана во нашата држава, заврши на 22-ри јуни 2020 година и нова вонредна состојба не беше прогласена. По завршување на истата, беа донесени повеќе одлуки со кои се олабавуваа претходно донесените заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид-19 од страна на Владата, а како резултат на намалување на бројот на лица заболени од вирусот. Покрај тоа, донесени беа пакет економски мерки за финансиска поддршка на граѓаните за справување со кризата.
ПРОЧИТАЈТЕ ГО ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОВРЕДА НА ПРАВА И ПРАВНИ УСЛУГИ ЗА 2020 ОВДЕ.