СЕРВИСИ за корисниците на услугите на ХОПС
Оваа програмска целина во 2020 година се реализираше преку директната работа
со корисниците на терен и во центрите на ХОПС кои се лоцирани во областите
Кисела Вода, Шуто Оризари, Гази Баба и Центар, на територијата на Град Скопје. И
покрај прогласувањето на глобалната пандемија, сервисите на ХОПС останаа
континуирано достапни и пристапни за луѓето кои употребуваат дроги и
сексуалните работници во текот на целата година и беа реализирани најголем дел
од предвидени активности со Годишната програма за 2020 и сто тоа беа постигнати
предвидените цели во програмата. Освен претходно предвидените активности со
годишната програма, новонастанатата состојба со глобалната пандемија наложи
спроведување и на нови активности поврзани со остварување на нова цел
произлезена од оваа ситуаиција- Превенција од Ковид-19 вирусот и намалување
на последиците од пандемијата. ХОПС и тимовите кои работат во сервиси, веднаш
ги идентификуваа сите неопходни прилагодувања, и истите беа инкорпорирани во
организациските протоколи за овозможување на услугите, а се со цел да се
заштитат од Ковид-19 и членовите на тимовите и корисниците на услугите.
Главни цели за оваа програмска целина предвидени со годишната програма но
и дополнети со новонастанатата ситуација за:
1. Превенција на ХИВ и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции
и туберкулоза обезбедување здравствена поддршка на ЛКУД и СР.
2. Поддршка за лекување на зависности од дроги.
3. Превенција од Ковид-19 вирусот и намалување на последиците од
пандемијата
4. Рехабилитација и ресоцијализација на ЛКУД (луѓе на супститутска терапија,
апстиненти, корисници на дроги кои сакаат да се лекуваат и се стремат кон
апстиненција) преку обезбедување психолошка поддршка на ЛКУД
5. Социјална ре-интеграција на ЛКУД и СР во општеството преку
овозможување на социјална и економска поддршка.
6. Заштита на човековите права на ЛКУД и СР со посебен фокус за заштита на
здравствени, социјални и економски права,заштита од дискриминација и родово
базирано насилство преку обезбедување на правна поддршка.
7. Поддршка, помош и интеграција на деца во ризик
8. Зајакнување на заедниците на ЛКУД и СР за застапување за сопствените
интереси и права.
9. Зголемен опфат на корисниците на услуги преку надградување на
постоечките сервиси и подобрување на квалитетот на истите.