Земјите кои ја криминализираат сексуалната работа се означени на картата во три нијанси на црвено што претставуваат продажба, купување и трети лица. Оние што ја регулираат сексуалната работа преку „легализација“ се обележани со жолта боја. Земјите кои ја декриминализираа сексуалната работа се обележани со зелена боја.
Можете да го користите клучот погоре за да ја филтрирате мапата според овие различни видови на законски рамки. Некои земји се означени со „симбол“ за да означат дека на страната на земјата се дадени дополнителни информации во врска со нејзините закони за сексуално работење. Тука е достапен целосен список на земји.
Информациите на картата одразуваат законодавство (заклучно со 31 декември 2018 година) што постои во врска со сексуалната работа, како се спроведуваат законите или влијанието што тие го имаат врз сексуалните работници. Картата не ги опфаќа сите земји каде законодавството за сексуална работа е во спротивност со законодавството за трговија со луѓе, со оглед на сложеноста на законодавството.
Исто така објавини се седум студии за случаи на земји, за тоа како функционираат законите на улиците.
Студии на случаи:
Тешко е да се добијат ажурирани и веродостојни информации за законите за сексуална работа што постојат низ целиот свет, секој обид е направен да се осигура дека информациите на оваа мапа се колку што е можно точни. Ако сте запознаени со какви било неточности во информациите дадени за конкретни земји, ве молиме контактирајте ги NSWP преку е-маил communications@nswp.org.