Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на конференцијата за Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија се собрани повеќе од 14 милијарди американски долари за следните три години.
Макрон, кој е домаќин на меѓународна конференција во францускиот град Лион, сепак, вети дека ќе продолжи да работи кон целта од 14 милијарди американски долари што организацијата ја постави откако собра 12,2 милијарди долари на претходната конференција во 2016 година.