ЖЕНЕВА – Одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, ја прифати колективната акција за ставање крај на епидемијата на ХИВ, зајакнување на здравствените системи и постигнување на Целта 3 за одржлив развој до 2030 година.
На 40-тиот состанок на Одборот, партнерите разговарале за главниот приоритет на Глобалниот фонд за 2019: за следното надополнување, каде што Франција ќе се појави како домаќин во oктомври 2019 година. Одборот ги разгледал сите суштински елементи во создавањето на случајот за поголемо вложување во здравството, како и плановите за мобилизација , за што ќе се дискутира подетално на состанокот за подготовка за надополнување во Њу Делхи, Индија, во февруари 2019 година.
Питер Сендс, извршениот директор на Глобалниот фонд, за време на овој состанок укажал на пет основни фактори: Глобалниот фонд игра витална и незаменлива улога во остварувањето на агендата за одржлив развој; овозможува поголема глобална здравствена сигурност; е моќен партнер во справувањето со некои од најлошите аспекти на родова нееднаквост; игра единствена улога во решавањето на нееднаквостите во здравството, вклучувајќи ги бариерите за човековите права за здравјето; и има конзистентна евиденција за доставувањето на резултатите – спасување животи и постигнување напредок кон крајната цел за ставање крај на епидемијата.
„Ние не би ја постигнале целта на СДГ 3, за ставање крај на епидемијата со едноставно продолжување по тековниот пат” изјавил Сендс.
„Потребни ни се повеќе ресурси, повеќе иновации и подобро извршување на задачите. За постигнување на нашите цели ќе биде потребно да ја обновиме енергијата и да бидиме што поодлучни”.
Поголемите партнерства се од суштинско значење, во контекст на развојот на пејзажот за глобалното здравје, каде што Глобалниот фонд ја има усогласено својата работа со повеќе организации во Глобалниот акционен план за СДГ 3.
Со надополнувањето, Одборот го поддржал ревидираниот пристап кон ангажирањето на приватниот сектор и иновативното финансирање. Основан како јавно-приватно партнерство, Глобалниот фонд се надева на создавање на понатамошни партнерства со приватниот сектор за иновативни решенија и алтернативни механизми за финансирање.
Одборот, исто така, започна процесот на селекција за ново раководство. Претседателот на одборот Аида Куртовиќ и потпретседателот Џон Симон го завршуваат двогодишниот мандат во мај 2019 година.
Разгледувајќи го планот за работа на Глобалниот фонд за 2019 година, Одборот одобри буџет за оперативни трошоци во 2019 година.
Одборот ги разгледал и стратешките рамки на Глобалниот фонд и клучните индикатори за успешност, давајќи преглед на напредокот кон целите на стратегијата на Глобалниот фонд, надгледувањето на глобалните и регионалните трендови на болеста и грантот на Глобалниот фонд и корпоративните перформанси.
Специјалната сесија за човекови права на овој состанок имала за цел да ги адресира повеќекратните бариери за пристапот до здравствените услуги со кои се соочуваат клучните и ранливите популации. Застапниците од Костарика, Јужна Африка и Украина за време на сесијата споделиле лични искуства од нивната работа за заштитувње на правото на здравје. Глобалниот фонд презел чекори кон вградување на компонентите за човекови права во јадрото на програмирањето, но сепак бариерите за човековите права во здравството остануваат сериозни проблеми во многу земји, а партнерите подеднакво се согласиле дека треба уште многу да се направи за да има подобрување на ова поле.
На уште една специјална сесија биле вклучени и младински застапници кои ја прикажале работата за застапување и вклучување на младите во глобалната здравствена работа, вклучувајќи ги и алатките за развој на капацитети и пристапи развиени и имплементирани од и за младите луѓе.
Состанокот на Бордот бил завршен со посебен момент во чест на сеќавањето и придонесот на Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на ОН, кој почина во Швајцарија во август 2018 година и кој одигра водечка улога во создавањето и постојаната поддршка на Глобалниот фонд.