Глобалната анкета за дроги 2020 верува дека стручноста и искуството на луѓето кои користат алкохол и други дроги може да се искористат за информирање и создавање подобра политика за дроги, а со тоа им помагаат на луѓето да користат дроги побезбедно, без оглед на правниот статус на дрогата.
Оваа година анкетата би дозела 20- 30 минути и ќе се поставуваат прашања во врска со сите најчесто користени супстанции, а освен тоа и некои опционални детални делови за медицински канабис, ЦБД, психоделика и само-лекување и како луѓето дозираат МДМА. Исто така ќе има прашања за ноќниот живот и тоа како политиката и регулативата во различни градови и места влијаат врз употребата на супстанции и ризиците на кои може да бидат изложени. Супер е важно да се соберат овие информации за да се информираат местата и владите кои се обидуваат да ја подобрат безбедноста во поставките за ноќен живот.
Глобалната анкета за дроги е достапна на 23 јазици. Повеќе од половина милион луѓе учествуваа во последните истражувања.
Анкетата за дроги се спроведува онлајн. Почна да се спроведува во 2011 година и оттогаш се спроведува секоја година, со намера да се опфати целиот свет. Сепак, за да обезбеди релевантност за поединечна земја неопходно е анкетата да ја пополнат повеќе испитаници од земјата од интерес. Тоа значи дека доколку сакаме да добиеме податоци за употреба на дроги во Македонија треба да мотивираме повеќе луѓе на возраст поголема од 16 година да ја пополнат анкетата.
Анкетата е анонимна и дискрецијата е загарантирана, а со одвојување на мал дел од своето време придонесувате за изработка на поефикасни политики и практики за дроги.
Споделете ја вашата приказна со цел да се создадат промени кои ќе им помогнат на луѓето да имаат посреќен живот и политики кои го поддржуваат здравјето, а не казната и стигмата. До анкетата можете да пристапите преку следниов линк: https://www.globaldrugsurvey.com/.
Се очекува наодите од оваа анкета да бидат соопштени најдоцна до април 2020 година. Пред да го постираме текстот имаше вкупно 26040 луѓе кои учествувале во анкетата.
#GDS2020 #KnowYourDrugs