Глобалниот извештај за намалување на штети од 2018 година е шестото издание на овој извештај, а посебно овој извештај се должел благодарение на координираните напори на повеќе од 100 практичари за намалување на штети, академици, адвокати и активисти од целиот свет.
Се утврдело дека, од последниот извештај во 2016 година, глобалниот одговор за намалување на штетите е ефикасно заглавен (погледнете го соопштението за печатот тука).
Предозирањето, и кризата на ХИВ и хепатит Ц продолжуваат, и се меѓу бројните здравствени и социјални проблеми поврзани со употребата на дрога и политиката за дрога, но сепак многу земји ги занемаруваат.
Извештајот може да се прочита во целост тука или во посебни поглавја:
- Предговор и вовед
- Глобален преглед
- Азија
- Евроазија
- Западна Европа
- Карибите
- Латинска Америка
- Северна Америка
- Океанија
- Блискиот Исток и Северна Африка
- Суб-сахарска Африка
Глобалниот извештај за намалување на штети од употреба на дроги од 2018 година има поширок опсег од неговите претходници и во него можете да најдете информации за:
- Бројот на луѓе кои инјектираат дрога и бројот на лица кои се на издрување казна затвор поради употреба на дрога (каде што има податоци).
- Програми за размена на стерилна опрема за инјектирање (НСП), супституциона терапија (ОСТ), тестирање и лекување на ХИВ и хепатитис Ц и ТБ за лица кои употребуваат дроги и во заедницата и во затворите.
- Одговор за намалување на штети кај луѓе кои употребуваат стимуланси од типот на амфетамин, кокаин и неговите деривати и нови психоактивни супстанции.
- Проверка на квалитетот и составот на дрогата за време на музички настани и ноќен живот.
- Намалување на штети за жените кои употребуваат дроги.
- Простории за безбедна употреба на дроги.
- Смртноста и морбидитетот поврзан со дрога и одговорот за предозирање, како и дистрибуцијата на налоксон во заедницата и обезбедувањето на налоксон во затворите.
- Развој и регресии во финансирање за намалување на штети.