Со оглед на репресивната влада, руските организации за намалување на штети од употреби на дрога и организациите за правна помош работат на ставање крај на ХИВ вирусот во една од ретките земји во светот, каде што бројот на новите инфекции се зголемува.
Овој документарен филм, насловен #NonExistentWeExist, ги претставува сервисите за услуги кои работат со – и честопати се и самите луѓе кои користат дроги, нудат сексуални услуги, се ХИВ позитивни или се квир или транс личности. Луѓето кои ги споделуваат овие искуства се таргетирани од државните политики преку политиките како што е на пример забраната за супституциски третмани, регистри со лица кои употребуваат дроги и се носители на ХИВ и закони за „геј пропаганда“.
#NonExistentWeExist, како што го носи својот наслов, истовремено повикува на песимизам и оптимизам. Полицијата е рамнодушна кон вознемирувањето и злоупотребата врз сексуалните работници, а корисниците на дрога се соочуваат со непријателски дилери на дрога на секој чекор.
Кампањите за превенција содржат постери со кои активистите повикуваат да се стави крај на ХИВ ерата, но докажаните методи за намалување на ризикот од пренесување на ХИВ, како стерилната опрема за инјектирање и грижа за луѓето кои се ХИВ позитивни, како што е антиретровирусната терапија, продолжуваат да бидат недостапни во оваа земја.
Филмот, е копродуциран од канадска правна мрежа за ХИВ / СИДА, исто така нуди една илустрација за тоа како луѓето и покрај директното влијание на државната “наркополитика”, тие пронаоѓаат начини да се поддржуваат и да се грижат еден за друг.
Филмот завршува со цитатот што ја доловува тензијата во работата на руските редукционисти на штети: „Вршете ја својата должност и што и да биде, ќе биде“.