Германија се подготвува за спроведување на новиот закон за легализирање на канабис за медицински цели со тоа што Федералниот институт за лекови и медицински помагала (BfArM) е во потрага по научници за да им помогнат во спроведувањето на истиот.
Различни огласи за работа се објавени во последниве неколку недели, поврзани со спроведување на законот за употреба на медицински канабис. Законот беше усвоен од страна на германскиот парламент (Бундестаг) во јануари. Сега владата е во потрага по “дилери на дрога” кои ќе дистрибуираат медицински канабис за да им помогнат со системот за дистрибуција.
Опис за работното место вклучува: „Планирање и организација и ефикасно пренесување на медицинскиот канабис во дистрибутивниот систем”. Други задачи вклучуваат помош за доделување лиценци за одгледување на канабис за медицински цели, како и огласи за да се помогне во изградбата на нова “агенција за канабис.” Кандидатите треба да имаат универзитетска диплома во медицински области или природни науки, со работно искуство и добро познавање на англиски јазик.
Законот усвоен на 19 јануари овозможува сериозно болни пациенти, како што се оние кои страдаат од мултиплекс склероза или хронична болка, да добијат рецепти за медицински производи од канабис, покриени со осигурување. Планот на германската влада е да го надгледува развојот на одгледувањето на канабисот за медицински цели, па дури и да им овозможи на некои приватни производители за нивно производство.
Извор: thelocal.de