Во Германија минатата година починале вкупно 1,276 лица, како резултат на употреба на дрога, што е 4 повеќе отколку во 2017 година.
“Секоја смрт нè обврзува подобро да ги заштитиме луѓето од опасностите од дрогата и да ги спасиме од често фаталните последици од употребата на дрога” – владината комесарка за дрога, Марлен Мортер.
Опиоидите и опијатите, како што се хероинот, морфиум или метадонот, биле причина во повеќето смртни случаи поврзани со дрога во Германија во 2018 година. Вкупно 629 лица починале од овие супстанци.
Бројот на смртни случаи предизвикани од опиоиди и опијати во 2017 година изнесува 707, што значи дека бројот на починати лица само од опијати за 2018 година е намален. Спротивно на тоа, статистичките податоци покажале дека бројот на смртни случаи во Германија предизвикани од психоактивни супстанци, како и долготрајните штети поради употребата на дрога се зголемил во 2018 година. Бројот на смртни случаи од непознати супстанци се зголемил од 20 проценти на 55 проценти.
Најголем број (240) од смртните случаи поврзани со дрога биле регистрирани во најнаселената федерална држава на Германија во Северна Рајна-Вестфалија, по што следат Баварија (235) и главниот град Берлин (191).
“Зависноста од дрога е болест, а на болните им е потребна помош, а не стигматизација” – Мортлер, повикувајќи ја владата, федералните и локалните власти, како и индустријата и граѓанското општество да преземат мерки за спречување на смртните случаи поврзани со дрога.