Германскиот парламент (Бундестаг) усвои закон со кој во четвртокот објави дека официјално го легализира медицинскиот канабис. Пациентите кои страдаат од сериозна болест, како што се мултиплекс склероза, хронична болка, сериозна загуба на апетит или гадење од хемотерапијата, сега ќе бидат во можност да добијат рецепти од своите лекари за медицински канабис.
„Сериозно болните мора да се третираат на најдобар можен начин”, – министерот за здравство, Херман Грох, кој го предложи законот.
До сега само одредени луѓе со сериозни медицински состојби добивале дозвола за користење на канабис како терапија. Вкупно околу 1.000 лица во целата земја имаат дозвола за користење на медцински канабис. Новиот закон ќе се прошири со тоа што ќе се овозможи одгледување на канабис под државна контрола. Исто така ќе има и приватни производители каде барањата за одобрување ќе бидат многу строги.
Кога законот ќе се реализира во март, здравственото осигурување ќе треба да ги покрие трошоците за користење на канабис при лекување, како на пример при состојби како болка или недостаток на апетит, како и трошоците за исушени цветни пупки и екстрактите од канабис ќе бидат покриени со здравствено осигурување за пациенти кои немаат други опции за третман.