Нов ентузијазам за иднината на Мрежата за стратегија за дроги на Југоисточна Европа кoja го одржа првото годишно Генералното собрание во Белград. Ова беше прилика за продолжениот број на организациите членки да се сретнат и да ја анализираат понатамошната работа. Вкупно 16 претставници учествуваа, вклучувајќи ги и 10-те ново признаени членки. Аница Димовска од ХОПС беше претставник на нашата организација.
Собранието го усвои Извештајот за работа во 2016 година и Финансискиот извештај и одржа презентација за учеството во процесот УНГАСС и стабилизација и позиционирање на мрежата како главни активности. Плановите за 2017 година, исто така се донесени врз основа на стратешките приоритети на предлог на Управниот одбор и идеи за можни проекти. Воедно презентирани се привременитe резултати од истражувањето за услугите за намалување на штети и третман, како и планот за комплетирање во 2017 година.
Одредени промени се направени во Одборот и Статутот. Тијана Жегура (Јувентас, Црна Гора) е избрана за нов претседател, а Влатко Деков (ХОПС – Македонија), за нов заменик-претседател.
Променте кои се усвоени, се со цел да се обезбеди достапност за поширок опсег на активности на мрежата, за подобро дефинирање на внатрешните процеси. Собранието ја поздрави и новата организација – членка, Прометеј од Атина, Грција. Мрежата сега има вкупно 19 организации, кои се членки од 9 земји од Југоисточна Европа, а воедно има и нови планови за проширување во 2017 година.