Коалицијата Маргини во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, организира Национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на одржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.
Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), иницираа процес на промовирање на цел 16.3 и потребата за нејзино имплементирање во нашето општество. За таа цел, во текот на минатата година беше подготвен основен извештај за состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во нашата држава. Главните наоди од извештајот ќе бидат презентирани на Националниот форум, на кој учество ќе земат претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.
АГЕНДА
11:00 – 11:15 Отворање на форумот • говорници:
• Оливер Ристовски – Заменик Министер за правда
• Фани Каранфилова-Пановска – Фондација Отворено општество – Македонија
• Јасминка Фришчиќ – Здружение ЕСЕ
11:15 – 12:30 Презентација на наоди од анализа • говорници:
• Наташа Бошкова – Коалиција Маргини
• Драгана Дрндаревска – Коалиција Маргини
• Марија Гелевска – Здружение ЕСЕ
• Стојан Мишев – Здружение ЕСЕ
• Јасминка Фришчиќ – модераторка