Мет Сaутвел го опишува техничкиот модел за формирање групи на корисници на дроги заснован на непосредното искуство на Коакт, заедница за техничка поддршка предводена од врсници и споделеното искуство на другите вклучени во раководење или поддршка на мобилизација на заедницата меѓу луѓето кои користат дроги.
Процесот на мобилизација на заедницата на луѓето кои користат дроги покрива две различни, но поврзани области: организација на корисници на дроги – самоорганизирање на луѓето кои користат дрога и значајно вклучување – вклучување на луѓето кои користат дроги во планирањето, во нарачката, во испораката и преглед на услугите за намалување на штети и третмани на дрога.
Мобилизацијата на заедницата на луѓето кои користат дроги може да заземе повеќе форми како што беше прикажано во „Прегледот на организирањето на корисниците на дроги“. Неопходно е моделите на мобилизација на заедниците да се скројат според локалниот контекст со што ќе се истакне значајноста на стручноста на локалните активисти – корисници на дроги во одредени земји. Сепак, во текстот предлагаме процесен модел кој ја поддржува почетната фаза на формирање локални групи на корисници на дроги.
Инвестициската рамка објавена во списанието Лансет во 2011 година од страна на група стратези за глобално јавно здравје нуди критичка анализа на активностите за справување со ХИВ и ги идентификува активностите и потребните инвестиции за искоренување на ХИВ како глобална епидемија. Значајно е да се истакне дека процесот на мобилизација на заедницата беше идентификуван како еден од критичките овозможувачи неопходни за поддршка на основните интервенции во рамките на програмите за намалување на штети кои, всушност, претставуваат превентивни стратегии засновани на докази за луѓето кои инјектираат дроги. Критичките овозможувачи претставуваат „комплементарни стратегии за проширување на ефектот на основните програмски активности“ кои се „од клучно значење за успешноста на програмите за ХИВ/СИДА“. Со ова организирањето на корисниците на дрога станува клучен дел од спречувањето на ширењето на ХИВ меѓу луѓето кои користат дроги. Секако, организирањето на корисниците на дроги исто така може да придонесе за другите политики и практични цели кои имаат влијание во животот на луѓето кои користат дроги, но поддршката на Обединетите нации насочена кон „вештината“ на организирање на корисниците на дроги претставува значаен чекор напред.
Авторите на Инвестициската рамка повикуваат на „стратешка револуција“, додека обезбедувањето на потребните инвестиции за мобилизација на заедницата и продлабочувањето на значајното учество налага револуција во активностите на повеќето креатори на политики и даватели на услуги. Сепак, исто така неопходно е експертите за мобилизација на заедницата да му пристапат на организирањето на корисниците на дроги со професионализам поткован со четириесетгодишно искуство во мобилизирањето на заедницата на ЛКД.
Мобилизацијата на заедниците се иницира на два различни начина опишани како:
- Спонтан развој – каде што корисниците на дроги се здружуваат и се самоорганизираат при што динамиката доаѓа од еден или од повеќе активисти – корисници на дроги со искуство во различни социјални борби, а кое искуство може да се пренесе во конкретната област.
- Поддржан спонтан развој – каде што корисниците на дроги се самоорганизираат или добиваат поддршка за мобилизација со помош од страна на организаторите на намалување на штети или третмани за дроги.
Сѐ почесто луѓето кои користат дроги мотивираат или учествуваат со техничка помош при формирањето на групите на корисници на дроги како дел од програмските иницијативи на регионалните или на глобалните застапнички мрежи на корисници на дроги (Меѓународната мрежа на луѓе кои користат дрога – ИНПУД-модел), техничка поддршка на програмите за намалување на штети и за третмани на дрога (Коакт моделот), групи на корисници на дроги со седиште во главните градови кои нудат поддршка на корисниците на дроги од другите региони во поглед на самоорганизирање (АСТАУ – Асоцијација за опоидна супституциска терапија (ОСТ) во Украина) или збратимени иницијативи развиени од страна на национални мрежи (Австралиската лига на интравенски корисници и корисници на незаконски дроги – АИВЛ во Азија или Автоподдршка на корисници на дроги – АСУД и Лекари на светот – МДМ во франкофонските делови на Африка).
При разгледувањето на значајноста на учеството на заедницата во врсничкото образование, Траутман прави разлика меѓу „врсничко образование“ и „врсничка поддршка“. Според него врсничко образование претставува ангажирање на корисниците на дроги за испорака на професионално дизајнирани програми во кои најголемиот акцент се става на нивната способност за пристап до мрежата. За разлика од тоа, врсничката поддршка претставува процес на ангажирање на заедницата во дизајнот, во испораката и во разгледувањето на врсничките програми. На тој начин се подобрува сензитивизацијата на програмата на локалните потреби и се генерира поголемо чувство на сопствеништво кај целната популација. Одовде развојот на групите на корисници на дроги на партиципативен и на еманципиран начин е од огромно значење без оглед на начинот на нивното формирање.
Коакт работи со повеќе партнери на развојот на програмите за градење капацитети за активистите – корисници на дроги и нивните партнери при мобилизација на заедницата меѓу луѓето кои користат дроги. Следниот модел беше развиен со цел нашето знаење од работата со Бриџ Хоуп и Здравствената организација во Авганистан да го пренесеме во ново партнерство со врсници и со партнери во Јужна Африка.
Табела: Технички модел за создавање група на корисници на дроги
Фаза | Активност | Цел | Испорачлив производ |
---|---|---|---|
Овозможување посети или состаноци со заедницата | Собирање на ЛКД на спонтан начин со посредство на врсници или преку програмите за намалување на штети и третманите за дроги. Можно е носење на надворешни експерти. НВО, интернет и врснички мрежи за рекламирање и ангажирање на учесниците. | Врсничките лидери или надворешните експерти бараат природни лидери од заедницата кои имаат влијание и добар углед меѓу локалната заедница. Преку состаноците за развој се создава форум за соединување и проценка на потенцијалните лидери од заедницата. | Развој на концептуални забелешки за опис на проектот и улогите на различните партнери доколку се работи за модел со надворешен експерт. Изјава за основање составена од групата доколку се работи за модел на спонтано здружување. |
Земји партнери | Одредување мрежа за намалување на штети или на НВО како домаќин во земјата која ги поседува вистинските вредности и соодветни технички вештини неопходни за групата на корисници на дроги. Задржување на парите и договорите додека не се развијат системите и организациското искуство. | Лидерот на корисниците на дроги гради ефективни партнерства со земјите партнери. Првото ниво на техничка поддршка за вештини како што се менаџирање на буџет или на проект, интервенции за намалување на штети итн. најлесно се обезбедуваат на заеднички јазик. | Склучување на меморандум за разбирање со земјата партнер во кој се уредува односот, стандардите за квалитет и начинот на раскинување на партнерството што обезбедува постојана согласност. |
Развој на лидерство | Специјална обука за лидерите на корисниците на дроги во форма на посети на различни земји и виртуелна обука. | Тренерот остава простор за преглед на напредокот и поддршка при решавањето на проблемите меѓу активистите – корисници на дроги. Коакт нуди совети и ги идентификува потенцијалните стратегии, но ги поттикнува локалните групи при донесување одлуки. | Склучување на меморандум за разбирање со обучувачот во кој се уредуваат односот, стандардите за квалитет и начинот на прекин на обуката или пак замена на тренерот. |
Консултација со заедницата | Составување прашалник со врсничките лидери. Одредување протокол за начинот на кој ќе се раздава прашалникот. Консултација со главните актери за обезбедување легитимност во врска со алатките и со протоколот. Прашалникот се користи како алатка за ангажирање на врсниците, за дознавање на нивните ставови и за разбирање на нивните потреби. | Регрутирање на членови во групата на корисници на дроги кои ќе споделуваат контакт детали. Поделба на опис на целите на групата меѓу членовите. Преку споделување на основните демографски информации при зачленување, членовите исто така ќе бидат достапни за целни консултации. Регрутација и обука на клучни врсници за работа како врснички истражувачи (разделување на прашалници) или врснички регрутери (идентификација на подобни контакти и нивно ангажирање како независни истражувачи). Во прашалникот се разгледуваат личните искуства на луѓето кои користат дроги и нивната вклученост во системот за здравствена заштита и за НВО. Исто така потребно е да се прецизира што точно врсниците бараат од групата на корисници на дроги. | Силното членство посочува дека групата има поддршка од локалните врсници со што им се дава легитимност на поборниците. Придонесува за проширување на лидерството во групата и градење капацитети и доверба – реализацијата на истражувањето помага да се надмине индивидуалната перспектива и да се согледа перспективата на заедницата. Регрутација на врснички амбасадори за застапување различни врснички групи или локални сцени на дроги. Оваа група ќе се развива како врснички едукатори. Тие формираат систем за рано предупредување во врска со последните трендови на дроги, ризично однесување или закани за луѓето кои користат дроги. |
Проценка на ситуацијата | Составување прашалник за интервјуирање на провајдерите на локалните програми за намалување на штети, третмани за дроги и други професионалци чија улога влијае на животот на ЛКД. | Модел на регрутирање идни членови од кругот на познаници со цел да им се помогне на врсничките регрутери да се вмрежат со локалните креатори на политики и даватели на здравствени и невладини услуги. Можности за застапниците на корисниците на дроги да ги вклучат клучните локални главни актери. Мапирање на локални сервиси и обезбедување работни односи како поддршка за идно индивидуално застапување или партнерска соработка. | Изработка на мапа за идентификување и за документирање на областите на специјализација и контакт- -информациите како поддршка за идно застапување или соработка. |
Градење капацитети | Споделување на согледувањата од консултациите со заедницата и од проценката на состојбата со локалните врсници и партнери. Клучни врснички лидери, меѓу кои и врснички амбасадори, поканети на учество во настанот организиран за градење капацитети. | Повратни информации во кои се содржани преглед и анализа од страна на врсниците и вметнување на препораките во стратешкото планирање и планот за застапување. Усовршување на практичните вештини на врсничките работници. | Стратешки план за развиток на групата на корисници, вклучително и стратегија за партнерство. План за застапување со кој се одредуваат локалните, националните, регионалните и глобалните стратегии за застапување, вклучително и врски со регионалните и со глобалните мрежи за застапување. |
Комуникациски стратегии | Менаџирање на комуникацијата насочена кон внатре (членови, врсници, работници итн.) и кон надвор (НВО или ОН-партнери, донатори итн.) | Водење блог за разгледување на месечниот напредок од страна на лицето одговорно за следење на напредокот. Приказни на членовите – модел преземен од списанието Меинлајнза хуманизирање на врсничките групи преку споделување на сопствени животни приказни проследени со модерни фотографии. | Водењето блог за напредокот помага донаторите, партнерите и членовите да бидат во тек со локалните случувања. Водењето на блогот треба да биде придружено со месечни состаноци на членовите со цел да се развие дијалог. Градење емпатичен однос со главните актери, отаде статистиката, преку постирање лични приказни на блогот. |
Мобилизација на ресурси | Стратешки план и план за застапување во кои е присутна стратегијата за мобилизација на ресурсите. | Утврдување на достапните ресурсите преку врсници, пријатели и семејството и НВО мрежи. Идентификување потенцијални грантови или донатори. Идентификување конзорциум за финансирање, фондови за техничка помош или проекти за мали грантови. Со ангажирање на влијателни и на познати личности се создава платформа за „крадусорсинг“ (собирање средства преку толпи) модел на собирање средства. | Пристап до комуникациската и до информатичката опрема, канцеларии и работен простор. Пристап до популацијата составена од клиенти преку организирање фокус групи или согласување консултациите во рамките на заедницата да се одржуваат во дроп ин центрите или во рамките на теренската работа. Изработка на понуди за финансирање кои содржат договорен стратешки и/или план за застапување. |
Работен план и буџет | Изработка на работен план и буџет на слободен софтвер (на пр. GoogleSheets). | Месечно ажурирање и известување за буџетот и за работниот план. | Овозможува ефективно менаџирање на проектот и на буџетот. Слободниот пристап до буџетот и работниот план на интернет овозможуваат транспарентност. |
Се надевам дека моделот ќе им помогне на останатите и дека ќе ги споделите вашите коментари и искуства во врска со овој развоен модел за негово усовршување и унапредување. Се наоѓаме во клучен момент во ХИВ-
-епидемијата за мобилизација на заедницата и дебатата за глобалните политики на дроги повторно заживеа. Самоорганизацијата на корисниците на дрога е од клучно значење со цел да бидеме активни партнери во справувањето со јавните здравствени кризи кои влијаат на нашата заедница додека се бориме да ја спречиме криминализацијата и ги промовираме човековите права на луѓето кои користат дроги.
Метју Саутвел
Мет Соутвел работи во областа на дроги и ХИВ веќе 25 години како експерт, менаџер и активист во Англија и низ светот. Дел е од програмите за намалување на штети на самите почетоци во Обединетото Кралство, а во 1991 година го основа пионерскиот Тим за здрави опции (Healthy Options Team – HOT), агенција за намалување на штети која вработува лица од заедницата и применува стратегии за мобилизирање на заедницата на луѓето кои употребуваат дроги. Сега работи за Коакт, тим на експерти за техничка поддршка на луѓе кои користат дроги и стручњаци за дроги.