Фиона Патен е австралиски политичар, дел од Советот на Викторија, претставувајќи го северниот регион. Таа е лидер на т.н Reason party (политичка забава со свои почетоци од 2017 година- која има за цел промовирање на либерализам, прогес ). Самата Фиона во периодот од 1990-1992 година работела сексуална работа во Канбера, и од тука е нејзината борба за подобри услови за сексуалните работници и регулација на сексуалната работа во Викторија.
Според неа, повеќето од луѓето кои ја критикуваат и коментираат сексуалната работа никогаш не биле сексуални работници. Тоа не значи дека како личности од други области (здравство, академици, политичари, невладин сектор.. итн.) немаат прaво да да го оформуват јавното мислење. Но тоа значи дека тие го немаат преживеано, ни пак можат да претпостават одблиску со се што се среќаваат сексуалните работници во текот на својот живот и работа, почнувајќи од дискриминацијата па се до насилството.
Според колективниот осврт на сексуалната работа, сексуалните работници се за декриминализација на истата. Тоа е најдобриот модел за поддршка и заштита на здравјето и финансиите на СР. Исто така со декриминализацијата, на СР им се дозволува својата работа да им постане професија, да плаќаат данок, да креираат подобри услови за работа и да бидат поотворени кон семејството и околината за тоа што го работат. И ова не е нешто ново, односно декриминализацијата била истражувана во 1985 година од страна на професорот Марсија Нив кога Колективот на СР на Викторија, Австралија го барал овој модел на регулација. Ако Викторија успее да ја декриминализира сексуалната работа, тоа ќе значи победа по долгогодишната борба на СР.
Всушност со декриминализацијата се тргаат сите кривични санкции за СР кои непотребно се криминализирани. Што би значело нула кривична одговорност за возрасните ( над 18 г) СР и регулирање на сексуалната работа како и другите услуги од терцијален сектор.
Колективот на СР во Викторија бара сексуалната работа да биде регулирана како и другите работи , на пример фризери/ки, масажер/ки, , салони за нокти и козметика и сл. Така се установило дека е најдобро за јавното здравје и безбедноста на СР.
Но, не е се така едноставно со оглед на тоа што СР често се дискриминирани и стигматизирани што влијае на нивната психо-физичка благосостојба и социјално и економско исклучување. Стигматизацијата на СР креира бариера во достапноста на здравствената заштита. Социјалните сервиси, а понекогаш и образовни и можности за додатна работа.
На некои места пак е присутна “аисметричната дискриминација” која значи дека сексуалните работници не се кривично одговорни, но затоа пак нивните клиенти се. Вакавиот модел не ги заштитува СР , напротив повторно се загрозува нивната безбедност. СР едноставно сакаат да бидат заштитени како и другите професии, односно ако имаат некој проблем , истиот да можат да го пријават во полиција
Според Фиона, направен е прогрес и подобрена е соработката меѓу владата и општеството. Благодарна е на сите кои го споделиле своето животно искуство и знаење, како и сите организации кои го поддржале овој извештај за реалната состојба на СР.
Напиша: Николина Д.