ФДА објави конечно одобрување за првиот генерички налоксон хидрохлориден спреј за нос, кој ќе може да се користи за превенција од опиодните предозирања.
Одобрението било резултат на пошироките напори на ФДА да направат алатки кои ќе бидат подостапни и широко користени со цел запирање или спречување на предозирањето со опиоиди. Агенцијата исто така соработувала и со фармацевтски компании поради доведување на пазарот налоксон без рецепта, и им давала приоритет на одобрување на други генерички производи од Налоксон.
Соопштението кое официјално претставувало првично одобрување кое што претходно било доделено на Тева Фамацеутикал и дека наскоро ќе биде генеричка алтернатива на Наркан, широко употребуваниот Налаксон спреј за носј за што го продавале Емерџент БиоСолушнс.
Налоксон исто така може да се аплицира со инјекција. Генеричките верзии на налоксон со инекции биле достапни со години, и може да чинат само околу 20 до 40 долари. Носните спрејови, сепак, полесни за употреба, и можеле да ги користат дури и од оние без медицинска обука, како што се цивилите и најблиските на оние кои се борат со употребата на супстанции, како и оние кои први би реагирале.
Речиси 50.000 Американци починале од предозирање со опиоиди во 2017 година, според федералните проценки. Хероинот и опиоидите на рецепт продолжуваат да придонесуваат за многубројните смртни случаеви, но силните синтетички опиоди како што е фентанилот, станале брзо растечки проблем во последниве години, според податоците на федерацијата.
Цената на листата за еден комплет Наркан изнесувала 125 долари, иако Емерџент работел на неколку програми за да го направи Наркан подостапен и за првите одговорни лица, владини агенции и други на кои им е потребен.
Минатата година, компанијата понудила да го дистрибуира Наркан во секоја јавна библиотека во земјата. Наркан, исто така, можел да се купи во многу поголеми аптеки, и – иако технички не е производ кој се издава без рецепт – сепак често можел да се набави и без рецепт.
Претставник на Тева изјавил за Тајм дека деталите за цените и објавувањето на генеричката верзија се уште не се достапни.