Пред шест недели, 18-годишно момче се појавило во болницата во Лонг Ајленд, жалејќи се на болка во градите, гадење, треска и губење на здивот. Лекарите сметале дека тој има пневмонија од заклучокот на рентген снимките на белите дробови.
За 48 часа, состојбата на пациентот се влошила и тој бил испратен на одделението за интензивна нега, каде што му бил дијагностициран синдром на акутен респираторен дистрес, состојба поврзана со акутна повреда на белите дробови. Тој бил поврзан со цевка за дишење и бил ставен во медицински индуцирана кома.
Лекарите биле загрижени за тоа како здрава особа би можела толку да се разболи, сè додека мајката на пациентот не се појавила во болницата со нешто што го пронашла во кантата за отпадоци на нејзиниот син. Таа пронашла кертриџ од вапорајзер со етикета TKO Extracts, лиценцирана компанија со седиште во Калифорнија која продава ТХЦ производи; подоцна било потврдено дека пронајдениот кертриџ бил фалсификувана верзија.
По сослушувањето, девојката им кажала на лекарите дека го користел кертриџот три дена пред да биде примен во болницата. Откако бил третиран со стероиди, состојбата на пациентот се подобрила и после две недели бил пуштен од болницата.
Само еден ден подоцна, уште еден пациент се појавил со сосема различни симптоми, вклучувајќи различни нодули во белите дробови, 19-годишникот страдал од кашлање и болка во градите и драстично му се намалила телесната тежина во текот на само две недели, така што лекарите првично се сомневале дека има карцином. Но кога пристигнале резултатите од биопсијата, покажале дека не станува збор за карцином. Подоцна пациентот изјавил дека и тој во последните три месеци користел ТХЦ кертриџ кој што го набавил на црниот пазар (канабисот не е легален за рекреативно купување во Њу Јорк).
Иако Пирзада лично третирала само два вакви случаи, во 25-годишната пракса досега никогаш не видела млади, навидум здрави мажи да се разболат во толку краток временски период.
„Станува многу страшно. Бројот на ваквите случаеви секојдневно се зголемува и ова е алармантно, затоа што го немавме овој проблем пред три месеци“ – Пирзада.
Само во Калифорнија, каде што рекреативната употреба на канабисот е легална, имало 28 потенцијални случаеви на акутна болест на белите дробови кај луѓето кои неодамна користеле вапорајзер за канабис, според портпаролот на Калифорнискиот оддел за јавно здравје.
На 12-ти август, Калифорнискиот оддел за јавно здравје објавил здравствено предупредување по групата од најмалку седум здрави возрасни лица во округот Кингс, Калифорнија, од кои сите биле примени во болниците помеѓу јули и август 2019 година, а сите имале симптоми на тешка акутна пулмонална болест, вклучувајќи кашлање и останување без здив, а во некои случаеви треска и повраќање. Сите седум случаеви, вклучувајќи ги и оние кои дополнително се пријавиле по медиумското покривање на првичното соопштение биле поврзани со фалсификуваните вапорајзери кои што биле набавени на црниот пазар – Ненси Геркинг, помошник директор за јавно здравје на округот Кингс.
Целиот текст можете да го причитате Тука.