Истражувањата базирани на веб се корисна алатка за собирање информации за моделите на употреба на дрога низ Европа. Брзо и евтино се поставуваат и можат да допрат до голем број луѓе кои директно користат дроги. Ова значи дека тие можат да направат детална, реална и навремена слика за употребата на дрога и пазарите на дрога во Европа и се корисно дополнување на традиционалните методи за собирање податоци.
Агенцијата за дроги на Европска Унија (EMCDDA) ги објави резултатите од Европското веб истражување за дроги. Истражувањето беше спроведено помеѓу март и април 2021 година во 30 земји (21 ЕУ и 9 не-ЕУ) кога многу популации беа под рестрикции поврзани со КОВИД-19. Целта на истражувањето е да го подобри разбирањето на моделите на употреба на дрога во Европа и да помогне во обликувањето на идните политики и интервенции за дрогите на возраст од 18 и повеќе години.
Скоро 50.000 возрасни (48.469) одговориле на истражувањето од 21 земја-членка на ЕУ и Швајцарија.
Канабисот се користел најмногу, при што 93% од испитаниците во истражувањето изјавиле дека го користеле во претходните 12 месеци и со мала варијација помеѓу земјите. МДМА/екстази (35%), кокаин (35%) и амфетамин (28%) се следните најпријавени недозволени супстанци, при што редоследот на трите дроги се разликува по земја. Околу една третина од испитаниците (32%) изјавиле дека користеле повеќе канабис и 42% користеле помалку МДМА/екстази.
Истражувањето покажува дека една петтина (20%) пијавиле дека користеле ЛСД во минатата година, 16% користеле нови психоактивни супстанции (НПС) и 13% користеле кетамин. Употреба на хероин пријавиле 3% од испитаниците. Иако примерокот за употреба на хероин бил мал, повеќе од една четвртина од овие испитаници (26%) изјавиле дека повеќе ја користеле оваа дрога во текот на истражуваниот период.
Над 2.000 возрасни (2.174) од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија одговориле на истражувањето. Повеќето испитаници (91%) изјавиле дека користеле канабис во претходните 12 месеци, потоа кокаин (38%), МДМА/екстази (22%) и амфетамин (20%). Повторно, околу една третина од испитаниците (32%) изјавиле дека користеле повеќе канабис и 34% користеле помалку MDMA/екстази.
Скоро еден од шест (17%) испитаници изјавиле дека користеле НПС во минатата година, додека 9% пријавиле употреба на ЛСД. Употреба и на хероин и на метамфетамин пријавиле 8% од испитаниците.
Домот е пријавен како најчестиот амбиент за употреба на дрога во текот на периодот (85% од испитаниците во истражувањето ЕУ-Швајцарија и 72% во Западен Балкан), шема нагласена со заклучувањето на КОВИД-19 и затворањето на места за ноќен живот. Мотивацијата за употреба на различни супстанции фрла малку светлина врз овие резултати. Најчесто пријавените мотивации за употреба на канабис биле релаксација, помагање при спиење, додека за MDMA/екстази нејзините еуфорични и социјални ефекти.
За повеќе информации за овој ЛИНК.