Во Европскиот извештај за дроги 2016: Трендови и тенденции се потенцира за здраствените ризици од користење на дроги, проблемот со појавата на нови психоактивни супстанции, како и менување на обрасците за употреба на дроги. Како еден од проблемите се и заканите од пазарите за дроги на интернет. Во извештајот се истакнува дека опиоидниот проблем на Европа и понатаму продолжува, загриженоста е голема поради покачувањето на смртноста од предозирања со хероин и синтетички опиоиди.
Прочитајте во Европскиот извештај за дроги 2016:Трендови и тенденции, кои се најновите трендови во снабдувањето со дроги во Европа? Кои дроги предизвикуваат најмногу штета и загриженост денес? Кои се најновите случувања во превенција од дроги, лекување и политика?