Денеска почнува Европската недела на тестирање за ХИВ, која ќе трае до 30-ти ноември.
Европската недела на тестирање е меѓународна кампања која ги потткинува партнерските организации во заедницата, здравствената заштита и државните институции низ цела Европа да се обединат една недела за да ги зголемат напорите за тестирање и да ја промовираат свеста придобивките од раното откривање на хепатитис и ХИВ тестирањето.
Оваа иницијатива бележи значителен напредок од својот почеток од 2013 година и е препознатлив меѓународен настан на кој што учествуваат стотици организации секоја година.
Секоја организација доброволно го организира своето време за да ги спроведе активностите во текот на неделата на тестирање и создава неверојатни прикази на заедничките напори за зголемувањето на свеста за тестирање на сите организациски нивоа.
Сега во својата шеста година, по четврти пат како е вклучено тестирањето за хепатитис, а Европската недела на тестирање ќе се одржи од 23-30 ноември 2018 година.
Оваа година повторно ХОПС се вклучува со активности!
Во рамки на тековната Европска недела на тестирање за ХИВ, во дневениот центар „Дуња“ во Кисела Вода, тел: 02 3 130 058 ќе се одвиваат следните активности:
- На 26ти и 28ми ноември ќе се одржат креативни работилници на темата ХИВ.
- Од 10:00 до 13:30ч клиентите ќе имаат можност да се тестираат за ХИВ.