Повеќе од јасно е што функционира, опиоидна супституциона терапија во затворите, стерилна опрема за инјектирање на улиците, антивирусни лекови со директно дејство за секој кој е заразен. Она што е навистина потребно за да се елиминира хепатит Ц не се повеќе интервенции, она што навистина е потребно е постоњето на политичка волја за имплементација на мерки кои навистина функционираат.
За жал, се чини дека е полесно да се развие нова вакцина отколку да се развие политички ‘рбет, но тоа се случува. Се потсетив на тоа неодамна во Букурешт, на четвртата Европска конференција за намалување на штети, вели професор Џефри Лазарус (водич на истражувачката група за здравствени системи). За време на завршната сесија, го слушал португалскиот министер за здравство, Рикардо Баптиста Леит, како португалската влада драматично ја променила насоката на ширењето на две смртоносни болести. Прво, тоа го направиле со ХИВ, преку декриминализација на лековите и прифаќање на програмите за намалување на штети од употреба на дроги, а сега го правеле тоа со ХЦВ, правејќи ги антивирусните лекови слободно достапни за секого. За само три години, тие веќе излечиле една третина од населението со хроничен хепатитис Ц, заштедувајќи повеќе од 60 000 животни години и 270 милиони евра во трошокот за лекување на компликации.
Како експерт за јавно здравство и член на парламентот, Баптиста Леит имал познавање за тоа колку е тешко да се промени јавната политика. И тој предложил едноставен метод за тоа. Да им се покаже на политичарите дека новата политика има четири квалитети што ќе ја направат промента вредна:
1. Релевантност – Порамнување на политиката со прашања од јавен интерес.
2. Ефективност- Презентирање како има разлика со податоци од пред и потоа.
3. Исплатливост- Преку презентирање за тоа колку пари би се заштедиле – или барем колку малку ќе чини програмата.
4. Навременост. Планирање на имплементација со цел да се покажат резултатите кога ќе им бидат потребни – на пример, навреме за следните избори.
Професорот изјавил дека искрено се надева дека Европската комисија ќе продолжи да ги вложува своите пари каде што биле потребни и дека ќе продолжи со поддршката на програмите за намалување на штетите од употреба на дрога, како една од целите ќе продолжи да биде ставање крај на ХИВ и елиминација на хепатитис.