Програмите за намалување на штети би одговарале на потребите на луѓето кои што користат дроги, би биле поефективни и поодржливи кога би се слушал гласот на луѓето кои што ги користат услугите што овие програми им ги нудат.
Вклучувањето на луѓето кои што користат дроги во развивањето и во мониторирањето на националните буџети би довело до тоа да владата биде поодговорна по ова прашање.
По повод заедничкиот состанок на Форумот на граѓанско општество на Европа за ХИВ, хепатитис и туберкулоза и Форумот за граѓанско општество на Европа за дроги, Европската група за лекување на ХИВ/СИДА го објавија својот став во врска со различните аспекти на дебатата за политиките за дрога и пристапите кон доставување на здравствените политики.
Целта на овој документ е продолжување на работата на луѓето кои користат дроги, како и застапувањето за добивање на пристап во подобрувањето на здравствените резултати и максимизирање на придонесот во дискусиите за политиката за дроги во Европа и пошироко.
EATG ги повикува сите оние кои што се заинтересирани да ги почитуваат принципите наведени во официјалниот документ, со цел да се подобрат превенцијата, третманот и грижата за ХИВ/СИДА како и за другите крвни инфекции.
Документот можете да го прочитате тука.